12.8 C
Скопје
17:40 - 3 април, 2026

Објавена листа на најлошите детски имиња во светот

Давањето имиња на бебињата е една од првите и најтешките одлуки што родителите треба да ја донесат.

Популарноста на имињата се менува од година во година и како што имињата како Дејдри и Мејбел излегоа од мода, така и многу имиња кои денес се во мода еден ден ќе бидат старомодни, пренесува Мирор.

На популарниот форум Mumsnet, кој ги обединува мајките, се разговараше за најлошите имиња за децата, а конечната листа имаше десет имиња кои најчесто се повторуваа меѓу предлозите.

Еве кои се тие, како и образложенијата на мајките зошто ги вброиле меѓу најнепожелните детски имиња:

Миа – „Во воените кругови тоа е акроним за исчезнатите во акција“, пишува една мајка на форумот.

Камерон – „Едно од имињата што би можело да биде презиме во земјите од англиско говорно подрачје“.

Клаудија – „На латински значи мизерно“.

Алекса – „Амазон го користеше ова име за дигитален асистент“.

Лана – „Анаграм на нешто просто“.

Фани – „Од очигледни причини“, пишуваат мајките на Mumsnet

Флора – ја тера мајката да „мисли на бактерии“.

Луна – „Повеќе звучи како име на домашно милениче“.

Греам – „Звучи како име на шунка“.

Мерцедес – „Асоцира на автомобил“

Мајките исто така сметаат дека е најдобро да се избегнуваат имиња поврзани со историски личности. Адолф, од очигледни причини, но и Оливер поради конотациите со Оливер Кромвел.

И покрај ова, Оливер е едно од најпопуларните имиња за новородените момчиња во Велика Британија.

Слични објави

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Раскинаа ли Јована Јеремиќ и Тигар? Водителката се огласи додека тој ужива во Грција: „Избери маж кој не бега кога е тешко, туку останува“

Еспресо

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Еспресо

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.
Се вчитува....