Заборавете на шорцевите и „спидо“ купаќите – ова е новата верзија на бикини за мажи. Ви ги претставуваме брокините!
Жените сакаат да носат едноделни костими за капење кои одговараат на различни облици на тело, а сега таа можност ја добија и мажите – во форма на брокини.
Чад Саско и Тејлор Филд од Торонто се креатори на брокините, а нивна инспирација биле „дивите ергенскии забави и трикоата што ги носат борачите“. Тие се сериозни во намерата да ги убедат мажите да го земат ова парче за на плажа, иако на многумина ќе им изгледа како голема шега.
„Почнавме да контактираме со малопродажни места. Работиме на фотографии и видео записи, ќе објавиме реклами, а потоа ќе преминеме на малопродажба“, вели Саско.
Според нив брокинито е вистинскиот моден избор за фестивали и забави, а првенствено е наменет за луѓе кои сакаат да се забавуваат и кои не сфаќаат сè премногу сериозно.
„Летово не е идеално да се лансира брендот поради ковид-19, но брокините би можеле да бидат одличен начин да ги задржите луѓето на еден метар од вас“, се шегуваат креаторите.
Сите се сеќаваме каков „бум“ направи Борат со неговата позната неонски монокини – па којзнае, можеби наскоро ќе видиме и брокини на плажите.