01:34 - 9 април, 2026

Несекојдневна операција во Лондон: Свирела виолина додека ѝ го оперирале мозокот (ВИДЕО)

Докторите на пациентката успешно ѝ го отстраниле туморот на мозокот додека таа истовремено свирела на виолина. Велат дека на тој начин ја сочувале нејзината вештина.

Виолинистката Дагмар Тарнер одржала концерт додека ја оперирале. Докторите во лондонската болница ја оперирале за да ѝ го извадат туморот, кој ѝ имал зафатено дел од нејзиниот мозок.

Освен спасувањето на животот, целта на операцијата била да се сочуваат и умешностите на 53-годишната пациентка, која свири на виолина веќе четириесетина години. Затоа ѝ дале локална анестезија и сè правеле „на живо“. Пред операцијата извеле таканаречено мапирање на мозокот. На тој начин утврдиле кои делови од мозокот се најактивни во текот на свирењето, па за време на зафатот можеле да ги сочуваат.

Медицинскиот тим ја замолил да засвири на својот инструмент за да бидат сигурни дека деловите од мозокот што ги контролираат движењата на рацете и координацијата не се оштетени во текот на операцијата.

„Прецизната контрола на левата рака, на пример, на некого кој свири виолина, должината на жиците, проитисокот на жиците, сите тие брзи движења, помрднувањето од една до друга жица, сето тоа беше необично за нас“, вели неврохирургот Кејоумарс Ашкан.

Докторите на крај на виолинистката ѝ отстраниле 90% од туморот, вклучувајќчи ги сите сомнителни подрачја. Пациентката три дена по операцијата е пуштена дома и се надева дека наскоро ќе се врати во нејзиниот оркестар.

Новинарите ја прашале колку ѝ значи што и понатаму ќе свири виолина.

„Сè. Ова е мојот живот, ова го правам во слободно време и навистина многу уживам во тоа“, одговорила Тарнер.

Слични објави

Велигденски хит – рачно изработени свеќи што ќе ви го разубават домот

Еспресо

Целта на Артемис 2 е трајно присуство на човекот на Месечината – што би значело тоа за човечкото тело?

Т.Ц.

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....