6.8 C
Скопје
11:59 - 22 декември, 2024

Нејзината „Крвава бајка“ остана симбол на цела една нација: Десанка Максимовиќ, скромна поетеса со голема душа

„Кој сака да доживее чудо, мора да има срце невино, како млеко“- пишува поетесата Десанка Максимовиќ, а нејзиното чудо се викало Сергеј.

Пишувала емотивни стихови, за љубовта. Таа, наводно, била потомка на српскиот кнез и војсководецец Јован Симиќ Бобовац.  Десанка Максимовиќ пишувала токму како што чувствувала. Со цело срце им се давала на песните, како на свои деца. Со стиховите нè учи како да се надеваме и како да сакаме,  храбро и романтично како што таа го сакала својот Сергеј.

Славната поетеса за првпат се бакнала на 35 години.

Ја паметиме сите онаа песна („Исчекување“) „Не, немој да ми приоѓаш. Сакам оддалеку да сакам и да ги посакувам твоите очи. Зашто среќата е убава само додека се чека…“ Така и Десанка ја чекала својата среќа и тоа, по денешни стандарди, може да се каже и предолго. Се зборува дека била вљубена во извесен, Драгољуб Обрадовиќ. Но, очигледно не ја признавала таа детска , школска љубов. Во интервјуата кажува дека Русинот со кој го поминлаа животот бил нејзина прва љубов.

Во едно инетервју раскажува како го запознала:

-Ме поканија, Руси, во нивниот клуб да одржам предавање и да прочитам неколку свои песни. Таму го запознав Сергеј.  Дали било тоа љубов на прв поглед? Најверојатно! Но, сигурно, моја прва љубов и прво момче со кој сум се бакнала. Веќе бев зрела девојка. Подоцна се зближивме, раскажувала поетесата.

Двајцата долго чекале на среќа

Иако Сергеј Сластиков сакал Десанка да ја однесе пред олтар, таа не ја прифатила неговата брачна понуда.

Тој морал да ја чека да ги исполни сите свои должности и ветувања. Била најстара во родителската куќа и сметала дека пред да се омажи треба на пат да ги изведе помладите сестри и браќа. Му објаснила  на Сергеј и тој ја разбрал.

Љубовта поради која рускиот кадет оставил сè

Сластиков бил руски емигрант, млад кадет кој во текот на Првата светска војна го заробиле Турци. Долго му требало да дојде во Белград,  а во 1933 година се оженил со Десанка, која ја чекал и трпеливо ја сакал. По венчавката завршил глума и набрзо добил понуда да глуми во театарот во Скопје, но со истата брзина одбил, поради работата на Десанка во Белград.

И Сергеј бил поетска душа. Сите биле многу изненадени од одлуката на Десанка да се омажи за рускиот сиромашен емигрант, велејќи дека можела многу подобро.

– Се омажив за човек кој моето срце го бараше, без оглед на тоа што е сиромашен. Во него го најдов она што го барав, одговарала таа.

Сергеј починал во 1976-та година, речиси две децении пред Десанка, која до крајот на животот му останала верна.

Погребани се еден покрај друг. На нивните гробови се наоѓа руска макета од црква како симбол на бајката која ја испишале во својот живот.

 

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....