2.8 C
Скопје
19:53 - 18 декември, 2024

Навиките на скандинавците кои ги одржуваат здрави и во топ форма

Unsplash

Во последниве години се зборуваше многу за скандинавскиот начин на живот. Која е тајната на Скандинавците и нивното добро здравје?

Скијање наместо теретана:

Иако повеќето Норвежани живеат во градовите, уживањето во природата е сè уште високо на списокот со приоритети за голем број граѓани. Тие веруваат дека времето поминато во природа е исклучително важно, за што дури имаат и посебен збор – фрилуфтслив.

Исто така е важно физичката активност за нив да не значи само согорување на калории, туку да бараат задоволство во она што го прават, пишуваат на веб-страницата „Pun kufer“.

Unsplash
Unsplash

Затоа, на пример, добар дел од Норвежаните наместо во теретана избираат скијање, лизгање, шетање во шума, пливање во езеро …

Готвење со путер наместо масло:

Скандинавците имаат многу повеќе доверба во путерот одколку во маслото, па додаваат мало парче путер при подготовката на разни видови храна – супа, месо, зеленчук… Затоа, храната станува похранлива, а во исто време Скандинавците веруваат дека значителен внес на млечни маснотии се бори против дебелината.

Unsplash
Unsplash

Нема лошо време, само несоодветна облека:

Норвежаните буквално се држат до тие слогани, па не треба да изненадува што луѓето во Норвешка среде зима, на дожд и снег, рекреативно возат велосипед. Ниските температури го забрзуваат метаболизмот, го подобруваат квалитетот на спиењето и го регулираат апетитот.

Слатки за деца – само во сабота:

Во шведските градинки, не се користи шеќер при подготвување оброци. Покрај тоа, децата воопшто не јадат слатки пред нивната втора или трета година. Па дури и кога ќе пораснат, обично им е дозволено да јадат слатки само во сабота или празници.

Unsplash
Unsplash

Сауна:

По долги прошетки на студ, најмногу сакате да се загреете. Скандинавците обожаваат сауни, ги користат исклучително често, и ако некој ве покани во сауна, тоа е знак дека имаат почит кон вас. Исто така, мажите и жените сакаат да посетуваат сауни, па можеби тоа е тајната на здравјето, но исто така и – добар тен.

Исхрана:

Повеќето Скандинавци претпочитаат да јадат дома, а поради балансирана исхрана и активен животен стил, тие изгледаат добро и се здрави. Црвеното месо е многу ретко на менито, но јадат и многу риба, особено сина.

Unsplash
Unsplash

Времето за кафе е многу важно

Швеѓаните го користат зборот „фика“, што може да се преведе како „време за кафе или торта“, но тоа всушност значи многу повеќе од тоа. Тоа е време кога правите пауза од работните обврски и уживате во времето со пријателите.

Фика не е само пауза за кафе, туку и начин да се забави темпото на живот и да се размислува за работите. И додека во други земји многумина земаат кафе за да го однесат и го пијат набрзина и на нога, во Шведска тоа е посебен ритуал.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....