12.8 C
Скопје
21:27 - 28 октомври, 2026

Науката докажа кои се најпривлечните мажи според жените!

Доколку сакате партнерот да ви биде попривлечен, купете му ракавици и сретство за дезинфицирање како подарок. Научниците открија дека жените повеќе ги привлекуваат мажи кои ги рушат стереотипите и активно учествуваат во домашните работи, пренесува „Bright Side“.

Според резултатите од анализата на психолозите Скот Колтран и Мишел Адамс од Универзитетот во Калифорнија, жените ги сметаат мажите кои помагаат по дома за поатрактивни и посакувани.

Нивното откритие го поддржал Советот на современи семејства, кој укажал на фактот дека жените исто така работат целосно работно време. Паровите кои еднакво ги распределуваат домашните обврски, се позадоволни со својот брак.

Психологот Готман спровел сопствено истражување чии резултати го поткрепиле и истражувањето на претходно споменатите психолози. Неговото истражување покажало дека жените го сметаат како гест на љубов инволвирањето на мажот во домашните обврски, што ги прави нивните партнери попривлечни.

Збогум на стереотипите

Анализата го дискредитира сфаќањето дека мажите се помалку мажествени доколку редовно ги извршуваат домашните обврски, чуваат деца, направат вечера или го бришат подот. Реалноста на ситуацијата е потполно спротивна, помагањето во домот е пожелно и привлечно, дури може и дополнително да ја зајакне врската.

Мажите кои учествуваат во домашните обврски, поставуваат добар пример за своите синови

Татковците со своето учествување во домашните обврски поставуваат добат пример за своите синови. Истражувањето покажа дека децата кои дома со својот татко ги завршуваат домашните обврски, подобро се согласуваат со другите деца и полесно остваруваат пријателства од оние кои не го прават тоа. Како голем плус, истражувачите навеле дека тие деца ретко влегуваат во конфликти, не прават проблеми на часовите, не запаѓаат во депресија, ниту пак се повлекуваат од друштвениот живот. Тоа се деца со кои сите сакаат да се дружат.

Слични објави

Барате квалитетна клуб маса? Искористете ги октомвриските попусти во Wood room

Еспресо

Заборавете на миризливите свеќи — со овој едноставен трик домот ќе ви мириса на есен

К.С.

Ви се замаглуваат прозорците? Едноставен трик со производ што го имате во бањата може да помогне против кондензацијата

К.С.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева запеа со младата Дени: „Мојата инспирација Дени и јас го честитаме Светскиот ден на менталното здравје“

Еспресо
Се вчитува....