2.8 C
Скопје
12:15 - 19 декември, 2024

Најважните мерки на претпазливост: Колку е безбедно сега да се пазарува во продавниците

Сè уште постојат многу прашања чии одговори нѐ интересираат кога станува збор за купување производи за време на пандемијата на коронавирусот.

Донесуваме одговори на експерти на најчесто поставуваните прашања за купувањето и што е безбедно, а што не.

Пред да продолжиме, важно е постојано да ги проверувате новите информации, бидејќи ситуацијата се менува од ден на ден!

Дали е безбедно да се оди во продавница?

Јасно е дека повеќето од нас седат дома и дека сме го намалиле социјалниот контакт за да го запреме ширењето на вирусот, па колку е безбедно да се оди во продавница? Најважно е да не стапите во контакт со заразеното лице и тука се најважните мерки на социјална оддалеченост и заштита. Внимавајте на растојанието и по можност носете маска и нараквици.

Во продавниците, на влезовите има средства за дезинфекција со кои мора да ги исчистите рацете.

Задолжително измијте ги рацете кога ќе се вратите дома и откако ќе ги распакувате намирниците.

Во меѓувреме, не допирајте го лицето со рацете.

Дали смее да се нарачува достава?

Тоа што го нарачувате не е ризик, ризик е контактот со продавачот/доставувачот. Денес повеќето компании за испорака нудат бесконтактна испорака па и тоа искористете го.

Дали треба да се исчистат лименките, торбите и кутиите по враќањето дома?

– Врз основа на она што го знаеме денес, тоа не е задолжително. Меѓутоа, ако тоа ве прави побезбедни, не заборавајте да дезинфицирате сè што ќе внесете во куќата – вели Бен Чепмен, лекар и професор по безбедност на храната.

Она што е задолжително е миењето на рацете откако сте го допреле купеното, бидејќи тоа е најсигурниот начин да се спречи ширењето на коронавирусот.

Измијте ги рацете кога ќе земете, на пример, печурки. Измијте ги рацете откако ќе ги измиете печурките и пред да допрете друга храна. И продолжете постојано да го повторувате тоа.

Што е со свежите плодови?

Засега нема докази дека вирусот се шири преку површината на таквите плодови, но сепак постои и податок дека вирусот може да живее на нив, според студијата што се занимавала со респираторните вируси. Чепмен посочува дека шансите за контакт со вирусот на овој начин се многу мали.

Добро измијте ги плодовите, па добро измијте ги рацете!

Како треба да се мијат свежите плодови?

Измијте ги под млаз ладна вода, вели Амнда Деринг, специјалист за храна: „Гледам многу упатства да се мијат со сапун и вода, затоа што така се мијат и рацете, но според извештаите тоа не е така. Се препорачува да се користат четки за миење зеленчук и овошје, кои имаат потврда површина, и тоа само со вода. Но, не заборавајте да ја измиете оваа четка добро со сапун по секоја употреба.

Дали готвењето ќе го убие вирусот?

Да – е пократката верзија на одговорот. Според препораките, доволна е температура од околу 65 степени Целзиусови и неколку минути. Сепак, треба претходно да се измијат плодовите.

Дали замрзнувањето на плодовите ќе го убие вирусот?

Замрзнувањето на свежите плодови со цел уништување на вирусот не е најдобриот метод, особено ако се земе предвид дека во лабораторијата вирусот се замрзнува за да се зачува, истакнува Чепмен. Но, ако замрзнете храна, веројатно ја и чистите и обработувате, ова се два безбедни начини за заштита.

Ако сум во ризична група, дали треба да купувам производи што се претходно спакувани?

Потрошувачите на кои имунитет им е загрозен, треба да размислат за купување спакувано овошје и зеленчук и малку повеќе да ја зголемат претпазливоста и плодовите да ги готват пред да ги јадат.

Дали треба да ги миеме рацете со врела вода и колку температурата на водата е важна за уништување на вирусот?

Дали врелата вода е единствениот начин да бидеме сигурни дека сме ги исчистиле сите бактерии, вируси и нечистотии од раце?

Според Американскиот центар за контрола на болести, најдобар начин за миење на рацете е добар сапун и чиста вода. Температурата на водата, се чини, не е важна.

Дали врелата вода им прави услуга на рацете?

Експертите се согласуваат дека миењето раце во врела вода може да ѝ наштети само на кожата. Со години се веруваше дека топлата вода ќе убие повеќе штетни работи на рацете отколку ладната и на тој начин ќе го намали ризикот од ширење на заразата.

Зачестеното миење на рацете во многу топла вода ќе ја оштети кожата и може да доживеете боцкање, чешање или слична иритација. Зошто? Бидејќи водата со висока температура ги уништува природните масла на кожата што дејствуваат како бариера против штетните надворешни фактори, а ако имате кожни проблеми, мора секогаш да ја избегнувате.

Студијата се занимава со прашањето колку врелата вода е потребна за добра хигиена. На рацете на испитаниците ставиле ешерихија коли, злогласната бактерија, па мереле колку останува чиста раката по миењето во врела вода. На крајот на истражувањето, утврдено е дека нема преголема разлика во миењето со топла или со ладна вода, па од таа причина Центарот за контрола на болести советува сами да ја одредите температурата на водата што ви одговара – без разлика дали е студена или топла.

Треба да се спомене дека според оваа студија, дури 70 отсто Американци веруваат дека топлата вода ги убива бактериите и вирусите.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....