-5.2 C
Скопје
05:37 - 25 ноември, 2024

Најлудиот рекордер на светот: Четири часа целата глава му била покриена со пчели!

Индиски пчелар толку многу им верува на своите пријатели инсекти, што им дозволува на 60.000 од нив да му го покријат лицето.

Натур М. С. (26) смета дека пчелите се најдобрите пријатели и вели дека не ги доживува како закана. Нему му е сосема нормално да ги чува пчелите на лицето уште од својата седма година, ги импресионирал и пријателите од детството со овој трик. Исто така, најдолго време го држел Гинисовиот рекорд, држејќи ги пчелите на главата четири часа, 10 минути и пет секунди.

Дури и искусните пчелари добиваат опасни алергиски реакции, но ризикот од убоди на усните или очните капаци не го загрижува Натур. Тој рекол дека неговиот татко Сајајакумар, кој исто така е наградуван пчелар и производител на мед, го запознал со пчелите.

Натур вели дека првото искуство со покривањето со пчелите започнало со ставањето на матицата на раката.

– Набрзо се слуша зуење на рој инсекти околу мене и ми ја покрија раката за 15 минути. Следниот ден, пробав сличен трик со матицата на главата и за неколку моменти, пчелите ми ги покрија главата и лицето – рекол Натур и додал дека во спречувањето на стравот му помагаат советите на татко му.

Longest Duration With Head Fully Covered With Bees

Spending an incredible 4 hours 10 minutes and 5 seconds with his head covered in bees, Nature M S from Kerala, India attempted this record to raise awareness of the importance of honey bees and apiculture ?

Publiée par Guinness World Records sur Samedi 14 juillet 2018

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....