12.8 C
Скопје
21:42 - 28 октомври, 2026

Меланија Трамп ги изненади сите со невообичаениот моден избор! (ФОТО)

Брачниот пар Трамп во наредниот период ќе престојува во Индија, како дел од нивната прва официјална посета на тие простори откако започнаа да живеат во Белата куќа, а ваквото егзотично патување ѝ овозможи на првата дама на САД да излезе од својата комфорна зона.

Profimedia

Меланија Трамп е веќе на пат кон Азија и додека нејзиниот сопруг даваше изјава пред далечното патување, таа ги изненади сите со интересниот моден избор. Таа носеше раскопчан црн капут, црна ролка и бели панталони кои се украсени со црни хоризонтални и вертикални линии во облик на квадрати.

Profimedia

Изненадувачки за оваа модна комбинација е што Меланија не ги облече класичните салонки, кои се нејзиниот заштитен знак. Првата дама на САД ретко може да се види без вртоглаво високите потпетици, кои ги има во сите облици, бои и дезени. Со оглед на тоа што во една прилика таа тргна со штикли и во посета на Тексас кога беше погоден од поплави, многумина тврдат дека Меланија е невозможно да се види во рамни чевли, што таа понекогаш знае да го демантира.

Profimedia

Прекрасната дама со потекло од Словенија, наместо вообичаените тренди салонки од модните куќи „Маноло Бланк“ и „Џими Чу“, одбра впечатливи балетанки „Беле Вивиер“, настанати по примерот на препознатливиот стил на францускиот дизајнер Рожер Вивиер. Станува збор за модел кој го прослави Катрин Денев, благодарение на филмот „Беле де Жоур“, а ги краси подигнатата пета, што е невообичаено кај балетанките.

Profimedia

Слични објави

Барате квалитетна клуб маса? Искористете ги октомвриските попусти во Wood room

Еспресо

Заборавете на миризливите свеќи — со овој едноставен трик домот ќе ви мириса на есен

К.С.

Ви се замаглуваат прозорците? Едноставен трик со производ што го имате во бањата може да помогне против кондензацијата

К.С.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева запеа со младата Дени: „Мојата инспирација Дени и јас го честитаме Светскиот ден на менталното здравје“

Еспресо
Се вчитува....