12:18 - 5 декември, 2025

Кралицата Елизабета сè уште вози автомобил и јава коњ

Ако се прашувате во што лежи тајната на нејзината виталност и долговечност, еве го одговорот.

Генетика

Мајката на Кралицата дочекала 101 година. Иако Елизабета до заокружувањето на 100-тката ја делат 7 години, многумина се уверени дека ја чека иста судбина како нејзината мајка.

Животен стил

Таа ги избегнува сите штетни навики како што се пушењето и алкохолот.

Никогаш не престанала да работи

Кралицата има многу обврски и нема намера да застане. Државни состаноци, хуманитарни акции, различни церемонии, сето тоа она го постигнува. Научниците потенцираат дека ваквиот начин на живот го одржува мозокот витален и млад.

Здрава исхрана

Со сите тие врвни готвачи кои и стојат на располагање, на кралицата и не и е така тешко да се храни квалитетно. Таа најмногу ужива во едноставни јадења.

За појадок јаде пченкарни снегулки со сушено овошје и ореви. Ручекот и вечерата обично се лесни, најчесто пилешко или риба со зеленчук.

Нејзиниот личен готвач во едно интервју открил дека кралицата приватно се храни многу здраво. Исто така одбегнува тестенини и кромпир доцна навечер.

Многу пешачење

И во 93-тата година кралицата е многу активна и во добра кондиција. Секојдневно заминува во долги прошетки како би останала физички поактивна.

Пиење чај

Секако, како и сите Британци и кралицата Елизабета го сака чајот. Секое утро и започнува со пиење една шолја зелен чај. Познато е дека тој е полн со антиоксиданси кој помага во обновување на организмот.

Слични објави

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо

Прогласени се топ три најубави актерки на сите времиња: Ќе се изненадите од победничките на листата

еспресо
Се вчитува....