0.8 C
Скопје
09:57 - 19 декември, 2024

Коронавирусот и сѐ почести главоболки, фактори што ги поврзуваат

Дали се чини дека вашите мигрени се почести или полоши и потешко ги поднесувате откога почна пандемијата на коронавирусот? Лекарите велат дека сега забележуваат многу повеќе поплаки од луѓето што страдаат од мигрени.

Состојбата во која во моментот се наоѓаме, сигурно многу влијае врз луѓето што страдаат од мигрена. Луѓето се загрижени и имаат повеќе главоболки.

Тие работат почесто од дома, така што таа промена може да биде активирачка, бидејќи луѓето што имаат мигрена, имаат поизразен нервен систем што не сака промени.

Недостигот на активност ја влошува мигрената. Промената на распоредот ја влошува мигрената. Спиењето е нарушено, што секогаш ја влошува мигрената. А ако дехидрирате, тоа сигурно не помага.

Дали ме боли главата од ковид-19?

Луѓето што долги години страдаат од главоболки можеби ја знаат разликата, но што ако сте нови во светот на главоболките? Од она што е засега познато, рекол Дајмонд, главоболката предизвикана од ковид-19 е многу поразлична од мигрената.

– Можеби имате треска, можеби имате упорна кашлица и сите овие работи може да ви предизвикаат главоболка. Меѓутоа, главоболката од ковид-19 е опишана како стегачка сензација, а обично се влошува со кашлицата и со треската – рекол Дајмонд, кој е член на одборот на Националната фондација за главоболка.

Но мигрената е многу поразлична, со пулсирачка болка која е умерена до силна и може да биде придружена со чувствителност на светлина, бучава и со повраќање.

„Пациентите ја опишуваат како мозокот да им е премногу голем за черепот“, пишува Си-ен-ен.

За голем број пациенти главоболката може да трае осум часа, 12 часа, 14 часа, но откако ќе исчезне главоболката, тие имаат когнитивно замаглување, додал Дајмонд.

Што да правам?

Секој што страда од постојани или послаби главоболки или мигрени треба да се обрати за помош кај лекар.

Дали е во прашање фактот дека не спијат, не ја оставаат работата на работа, повеќе не вежбаат?

Или е факт дека тие се под стрес заради загриженоста поради финансиските, личните и семејните обврски?

Водете сметка да имате добра хидратација на местото каде што седите и пијте одредена количина вода секој час. Исто така е важно да дишете и да се истегнувате најмалку еднаш во текот на еден час.

Вежбите за медитација и за опуштање се исклучително корисни, не одземаат многу време. Може да го направите тоа за пет до 10 минути. Потоа, погрижете се да не ги прескокнувате оброците и да не работите премногу, рекол Дајмонд.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....