8.8 C
Скопје
11:01 - 1 април, 2026

Комбинацијата на кафе и зелен чај го продолжува животот

Новите истражувања на јапонските научници укажуваат на позитивниот ефект на консумирањето зелен чај и кафе кај луѓето со дијабетес тип 2.

Оваа комбинација, тврдат научниците, потенцијално го намалува ризикот од смрт од сите причини за 63 отсто кај луѓето кои често, најмалку еднаш дневно, ги консумираат овие пијалаци, пишува „Сајанс дејли“.

Претходните студии веќе ги потенцираа здравствените придобивки на зелениот чај, покажувајќи дека го намалува ризикот од развој на дијабетес, ја подобрува контролата на гликозата и чувствителноста на инсулин.

Но новото истражување спроведено од јапонските научници на Универзитетот „Кјушу“ и болницата „Хакујуји“, испитале како консумирањето зелен чај влијае на луѓето што веќе имаат дијабетес.
Тие проучувале 4.923 учесници со просечна возраст од 66 години во период од пет години.
Утврдиле дека луѓето кои пиеле повеќе од четири шолји зелен чај на ден имале 40 отсто помал ризик од смртност по завршувањето на студијата.

Како и зелениот чај, докажано е дека и кафето го намалува ризикот од развој на дијабетес, но научниците и во овој случај истражувале како кафето влијае на луѓето кои веќе имаат дијабетес.
Студијата наведува дека пиењето две или повеќе шолји кафе во текот на денот ја намалува вкупната смртност за 41 отсто.

Меѓутоа, најдобриот ефект го имало комбинираното пиење на пијалаците со кофеин.

Комбинацијата на зелен чај и кафе значително ја намали смртноста од сите причини за 63 отсто“, пишуваат авторите на студијата.

Оние кои пиеле четири или повеќе шолји чај и две или повеќе шолји кафе имале најголема корист.
Експертите советуваат кафето и зелениот чај да ги консумирате без додавање шеќер и млеко за да добиете позитивен ефект.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....