13.8 C
Скопје
16:13 - 24 февруари, 2026

Како да се откачите од цицачите на енергија?

Ги познавате оние луѓе кои постојано се жалат на нешто и секогаш имаат нерешлив проблем? После поминувањето време со нив, се чувствувате како исцедена крпа. Еве како да ги спречите да не ви ја исцицаат целата ваша енергија кога сте со нив.

Не им нудете решение

Кога некој ќе ви се пожали дека има проблем, не обидувајте се да го решите. Поддржете ја таа личност емотивно, но знајте дека не сте ниту терапевт, ниту нејзин родител. Охрабрете ја сама да донесе одлука затоа што само таа знае што е најдобро за неа.

Предложете им стручна помош

Ако вашата пријателка постојано се жали на својот живот, ако секогаш е незадоволна од нешто, и се чини дека нема крај, можеби ѝ е потребна помош од психолог. Привремено можете да ѝ понудите емоционална поддршка, но тоа нема да го реши она што ја мачи на долг рок, пишува на веб-страницата „Брајт Сајд“.

 

Намалете го контактот

Обидете се да го намалите времето што го поминувате со оние кои ви ја трошат енергијата. Не мора да одговарате на секоја порака веднаш, рано наутро или доцна навечер. Ако дојде личноста до вашата врата, кажете ѝ дека ќе ја сослушате, но дека немате многу време. На тој начин, нема да бидете лош пријател, само повеќе ќе го цените вашето време и енергија. И поставете граници – убаво објаснете ѝ да знае што може, а што неможе да прави.

токсично однесување
ФОТО: Архива

Дистанцирајте се

Доколку сметате дека врската со личност која ве исцрпува има многу негативно влијание врз вас, добра идеја е да престанете да контактирате со неа. Воопшто не ви требаат такви токсични врски, особено ако ѝ служите на таа личност само за да се чувствува подобро.

Посветете се на себеси

Ако, и покрај сè, сепак сакате да пронајдете личност која ве исцрпува, не заборавајте да одвоите време само за себе. Правите нешта и без таа личност кои само вам ви одговараат. Изолирајте се од нејзините проблеми и прашања за тоа како да ги решите.

Останете смирени

Некои луѓе не се жалат, но постојано се фалат, што исто така може да биде многу заморно. Тие сакаат да се чувствуваат важни и им треба емоционална потврда. Во тоа, тие понекогаш дури и ги потценуваат другите. Ако некој ви го троши времето и ви ја троши енергијата, обидете се да не реагирате агресивно. Пред сè кажете нешто убаво, па потоа извлечете ја главната поента.

Преправајте се дека ви е здодевно

Ако сакате таквите луѓе помалку да ве цедат, не покажувајте емоции кога ќе ви кажат нешто, затоа што им треба вашата емотивна реакција. Одговорете кратко и јасно. Понекогаш дури правите се дека ви е здодевно, дека се чувствувате уморно или лошо и кога ќе видат дека не го добиваат потребното од вас, ќе ве остават на мира.

Слични објави

(Фото) Прослава во домот на синот на Драгана Мирковиќ, неговиот татко јавно му се обрати

Еспресо

Поднесени 3 кривични пријави против Десингерица откако на настапот во Врање донел живо јагне

apostolova

Лепа Брена со насолзени очи во филмот за Саша Поповиќ: „И кога ни беше најтешко, секогаш се договаравме да продолжиме“

Е.А.

Прва изјава на сопругата на Аца Амадеус откако музичарот ја обвини дека има проблем со пороците: „Проверете кој користи дрога“

Е.А.

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели неодоливо видео со синот Марио: „Што си ѝ ти на мама?“

Еспресо

Ѓина Џиновиќ ја напушти Србија поради ново момче, еве што сѐ прави во Барселона

Еспресо
Се вчитува....