21.8 C
Скопје
15:46 - 11 октомври, 2026

ИМА ТЕТОВАЖИ ОД ГЛАВА ДО ПЕТИ И НЕМА ПУПАК (фото)

Стана татко, а коментарите што ги доби се УЖАСНИ

Итан Брамбл (24) од Австралија е целосно истетовиран, има разделен јазик и хируршки му е отстранет папокот, а ако на тоа се додадат и тетовираните очни јаболки, јасно е дека станува збор за многу необичен изглед.

Како што пишува Дејли Стар, овој млад дечко не го допира тоа што мислат и пишуваат луѓето за него на социјалните мрежи. Има 216.000 следбеници на Инстаграм.

– Почнав да се тетовирам бидејќи отсекогаш тоа ми било интересно. Особено колку долго постои тетовирањето, а сèуште не се одобрува – за мене е целосно фасцинантно – вели Австралијанецот.

Овој Инстаграм инфлуенсер, исто така, изјави дека му пречи сето тоа внимание и дека знае да биде доста „здодевно“.

– Привлекувам внимание каде и да одам и тоа може да биде здодевно, но некако научив да се справувам. Тоа многу зборува за личноста која осудува нечиј изглед, а со тоа всушност не постигнува ништо и нема влијание – вели Итан.

Сепак, тој стана татко пред пет месеци и се отвори за тоа како другите го доживуваат неговото родителство.

Ќерка ми има неколку месеци. Таа навистина не забележува ништо различно кај мене, бидејќи тоа е нормално за неа. Ако луѓето ги оценуваат моите способности како родител само врз основа на мојот изглед, тоа зборува повеќе за нив отколку за мене. И сигурен сум дека го прават тоа – вели Итан.

Коментарите што луѓето ги напишаа под фотографиите со бебето се навистина брутални.

„Бебе од рајот дојде во пеколот“, „Дали ќе ја истетовираш?“, „Не би сакал татко ми да изгледа како чудовиште“, но имаше и такви кои му честитаа и напишаа дека ќе биде прекрасен татко.

Слични објави

Сузана Манчиќ го продаде станот и откри зошто нејзиниот сопруг спие во хотел: „Кога го виде тоа, донесе одлука“

Еспресо

Чолиќ го испратил возачот пред зградата на српската пејачка! Она што ѝ го дал ќе го памети до крајот на животот

Еспресо

(Фото) Сека Алексиќ ослабела 21 килограм, а сега откри и како го постигнала тоа

Еспресо

Тијана Дапчевиќ: Најголемата заблуда е дека имам дрво од кое берам пари

Еспресо

Која храна ги зајакнува коските, а која може да им наштети? Овие намирници се важни за нивното здравје

К.С.

Марија Шерифовиќ: „Не постои поромантична личност од мене, штета…“

E.A.
Се вчитува....