7.8 C
Скопје
14:58 - 22 декември, 2024

Играта Монопол, бришачите, шприцот… 10 изуми креирани од жени, што го направија светот подобар

Жените се навикнати да се справуваат со тешкотиите со кои се соочуваат во текот на работата, на работното место или во секојдневниот живот, што, помалку или повеќе ги прави нееднакви со мажите. Изненадувачки е фактот што жените изумиле работи кои сè уште ги користиме во секојдневниот живот. Овие изуми се креирани од храбри жени, кои несомнено ги промениле стандардите на тоа време во коешто живееле и ни оставиле едно добро, убаво наследство.

Алатки, како што се шприцеви за инјекции, бришачи за автомобилски стакла и кевлар (отпорен материјал што се употребува во непробојни одела), покрај други изуми, се креирани од жени, многу одамна и се многу напредни изуми за времето во кое тие живееле.

Бришачи за автомобилски стакла

Оваа незаменлива алатка што обезбедува добра видливост за возачите во врнежливи денови е креирана и патентирана од Мери Андерсон во 1903 година. Таа дошла до оваа идеја за време на возење среде снежни врнежи, кога увидела дека чистото автомобилско стакло е од исклучителна важност за возење во такви временски услови.

Profimedia

 

Филтер за кафе

На Мелита Бенц, домаќинка, навистина ѝ било тешко чистењето на платнените филтри за кафе што се употребувале во тоа време. Така, решила да најде начин кафето да се филтрира, но филтерот да биде полесен за чистење. По неколку направени обиди, таа земала една метална шолја за кафе, направила неколку дупки на дното, ставила преку шолјата хартија од нотесот на нејзиниот син, го филтрирала кафето и – резултатот бил одличен! Мелита го регистрирала овој свој патент во 1908 година, а набрзо потоа започнала свој бизнис. Подоцна, за време на Втората светска војна, нејзината компанија се соочила со многу тешкотии, но успеала да се одржи и да забележи раст. Покрај бизнисот, Мелита водела грижа и за своите вработени и за нивната благосостојба. Одлучила да го продолжи нивниот одмор, да го скрати работното време, да им дава бонуси за Божиќ, како и да основа социјален фонд за сите нив. Денес нејзината компанија е силна и е управувана од семејството.

Profimedia

Шприц за инјекции

Летиција Мамфорд Геер, медицинска сестра од Америка е одговорна за првиот шприц со игла произведен во 1899 година. Без сомнение, ова било многу важен изум во здравството и се проширил, од првобитната употреба во операционите сали, на сите останати сектори во здравството, како почетен модел на шприцот со игла што го знаеме денеска.

Youtube/принтскрин

Пелени за една употреба

Марион Донован ја креирала првата непропустлива пелена за една употреба. Оваа идеја се родила по Втората светска војна, во време кога таа била целосно посветена на семејниот живот и секојдневните семејни обврски. Со машина за шиење и пластична завеса за туш успеала да го создаде својот прв прототип. Донован исто така ги креирала и првите лепенки за пелените, како замена за безопасните игли. Овие, како и многу други изуми ја сместија Марион во групата на познати изумители.

Машина за миење садови

Џозефин Кокран ја создала првата машина за миење садови во 1886 година. Неколку години подоцна таа успеала да го привлече вниманието и интересот на сопственици на ресторани за време на саем во Чикаго, но машината добила вистинска важност во педесеттите години на минатиот век, период кога машина за миење садови можеле да си купат повеќе домаќинства.

Profimedia

Со својот изум Џозефин заслужено се сместува во групата на славните изумители.

Играта Монопол

Елизабет Џ. Филипс е креаторка на популарната игра Монопол. На почетокот идејата била да се прикаже колку може капитализмот да биде суров. Играта, која била патентирана во 1904 година, се распродала како да е дизајнирана од Чарлс Дароу. За среќа, копманијата, откако се сретнала со вистинската дизајнерка на оваа популарна игра, нашла начин како да ѝ надомести.

Profimedia

Чамец за спасување

По успехот на својот изум за побрзо производство на буриња, Марија Бесли одлучила да создаде покомпактен, побезбеден, огноотпорен чамец за спасување за едноставна употреба. Тоа било во 1880 година, кога Марија го направила својот нов дизајн. Она што таа не можела ни да го замисли е дека чамците за спасување години подоцна ќе спасат многу луѓе за време на потонувањето на „Титаник“.

Maria Beasley/WikimediaCommons/US National Archives

Невидливо стакло

Катарина Бур Блоџет е првата жена со докторат по физика на Универзитетот Кембриџ во 1926 година. По докторирањето таа креирала стакло со ниска рефлексија (невидливо стакло), што помогнало да се подобрат камерите, микроскопите и технологијата на проекторите во тоа време. Оваа нејзина технологија се употребила дури и во славниот филм „Одвеано со виорот“.

Profimedia

Кевлар (непробојна ткаенина)

Стефани Кволек, која докторирала хемија, е креаторот на екстремно јаката ткаенина, позната под името кевлар. Оваа ткаенина е околу петпати посилна од челикот и се користи за изработка на елеци отпорни на куршуми, како и за повеќе други продукти.

Безжична мрежа

Глумицата изумител Хеди Ламар, со нејзиниот партнер, пријателот и композитор Џорџ Антеил, ја креирале технологијата позната како претходник на ви-фи технологијата. Нејзината идеја се употребила за далечинските управувачи на торпедата, како и во превенција од откривање на непријателот, со промена на фреквенцијата на радиосигналите во спектралниот појас. Во тоа време морепловната воена флота на Соединетите Американски Држави не се сложила да го имплементира овој нејзин изум, но по повеќе години сепак почнал да се употребува. Во доцните деведесетти овие двајца пронаоѓачи примиле огромна награда за својот изум и во 2014 година Ламар влезе во групата на славните пронаоѓачи.

View this post on Instagram

INSPIRING WOMEN// Last night Gerry and I watched Bombshell. A doco telling the story of Hollywood movie star, Hedy Lemarr. Wowzers! What a woman! Not only was she stunningly beautiful, she had a natural understanding of physics that lead her into creating some of the most important inventions of our time ⭐️?✨? • • She came from Vienna but during the lead up to WW2 she fled her home just before Hitler occupied. At the time she was married to a wealthy arms dealer(who supplied guns to Nazis) Anyway! Fast forward to the bit were she knew she had to get out, so one night she sewed expensive jewels into her coat, drugged the maid to escape and rode off into the night on her push bike! Damn! This lady is a survivor! • • Hedy loved to create inventions. This was her happy place. She even helped Howard Hughes with an invention idea for a more efficient airplane model. She just had the idea to put the body of the fastest bird and the fastest fish together! Bam! ??? ????+?=✈️ she loved to figure out how things worked. Pulling things apart and putting them back together. When she heard about the Nazi bombs blowing up a British ship it got her to thinking how she could help jam radio signals so the enemy couldn’t tell where the bomb was coming from or when it would land. So she created a jumping signal that couldn’t be traced fast enough. It involves a piano and her brilliant mind. I won’t say anymore… I may have already said to much.. sorry about that! You need to watch it! What an incredible beautiful wild woman ???? • • • #hedylamarr #inventions #inventor #women #womenempowerment #womensupportingwomen #hollywood #moviestar #science #beauty #create #beautifulmind #physics #travel #adventure #inspiring #inspire #inspiringwomen #documentary #feminist #sisterhood

A post shared by @ do_rhi_mi on

Овие и многу други жени направија револуција во светот и станаа примери за сила, за храброст и за посветенот. Дали знаевте дека сиве овие работи се измислени од жени?

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....