09:55 - 3 април, 2026

Хотел нуди 18 години бесплатен престој ако направите бебе во него (ВИДЕО)

Хотелот „Зед“ од Канада, за Денот на вљубените нуди бесплатен престој за двојките што ќе направат бебе. Оваа традиција постои веќе пет години и е многу полуларна.

Наградната игра „Нунер“ вклучува четиричасовен престој во хотелот по промотивна цена, со многубројни активности за двојките. Најинтересна е понудата за бесплатен престој во хотелот ако девет месеци по првото пријавување гостите добијат бебе, што ќе важи за следните 18 години.

Менаџерката на хотелот дошла до оваа идеја кога нејзините деца биле мали и таа се обидувала да поминува квалитетно време со сопругот. Не ѝ се допаѓале обичните идеи со букети и чоколади, па затоа се решила за оваа необична понуда за правење бебе во нејзиниот хотел.

Хотелот е отворен за соработка со сите, без оглед на родовиот идентитет, изразувањето или сексуалната ориентација. Ова значи дека паровите можат да ја освојат наградата преку сурогат или посвојување. Оваа награда не важи за посвојување миленичиња.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....