Од минералите, во праската најмногу ги има калиумот, фосфорот, магнезиумот и калциумот. Праската е ретко овошје што во себе содржи селен. Меѓу другото, праската помага и во исфрлањето на наталожените токсини во телото и ја подобрува работата на органите за варење.
Праските се овошје карактеристично за овој период од годината. Кај нас ги има речиси во секој двор, а оние што немаат сопствени садници, овие здрави плодови можат да ги купат на пазарите и во маркетите по многу ниска цена и да уживаат во oсвежителниот вкус на свежата праска.
Тие се многу здрави бидејќи во нивниот состав се концентрирани голем број витамини и минерали. Одлична храна за негување на кожата и токму поради тоа лекарите препорачуваат задолжително јадење праски кога температурата е повисока од 30 степени. Праските буквално го неутрализираат штетното дејство на УВ-зраците.
Исто така, праските делуваат благотворно и на нервите. Tие смируваат, па ако сте под стрес, изедете праска и почувствувајте го ефектот.
Нискокалорична храна
Праските се нискокалорични и затоа се препорачуваат за сите што се на диета. Во само 100 грама праски се содржани само 40 калории. Овој плод има поголемо количество вода. Секоја праска содржи од 87 до 90 отсто вода, 11 отсто јаглехидрати, додека присуството на масти и протеини е незначително.
Од витамините праските најмногу содржат бета-каротен и витамин Ц. Бета-каротенот е црвено-портокалов пигмент што се наоѓа во овошјето и во зеленчукот, а познат е уште како и провитамин А. Доколку во организмот го има доволно, влијае како антиоксидант.
Од минералите, во праската најмногу ги има калиумот, фосфорот, магнезиумот и калциумот. Праската е овошје што во себе содржи селен. Меѓу другото, праската помага и во исфрлањето на наталожените токсини во телото и ја подобрува работата на органите за варење.
Антиоксидантите со кои е богата праската, во облик на бета-каротен, витамин Ц и Е, други каротеноиди и други фитохемикалии, ги спречуваат слободните радикали во нивното дејствување, кои се нестабилни молекули и кои настануваат при оксидација на клетките. Со јадење праски и друго овошје што е богато со антиоксиданти, ќе ги спречите хроничните заболувања, кои настануваат при дејствувањето на слободните радикали.
Праските се богат извор на растителни влакна
Во една поголема праска има 3 грама растителни влакна, со што ова овошје може да помогне во задоволувањето на дневно препорачаната доза за внес на растителни влакна, со кои значително ќе го олесните варењето на храната.
Токму растителните влакна ја потпомагаат работата на органите во дигестивниот систем, а многу помагаат и во намалувањето на холестеролот во крвта (со тоа индиректно потпомагаат во подобрувањето на циркулацијата), а исто така многу помагаат и да се чувствувате подолго време сити, па намалениот внес на храна ќе помогне и во одржувањето на витата линија.
Резултатите што биле добиени од една неодамнешна студија, покажале дека праските содржат биоактивни соединенија што многу помагаат во борбата против дијабетесот, во проблемите поврзани со дебелината, а исто така помагаат и во надминувањето на кардиоваскуларните проблеми.
Интересни податоци за праските
1. Праската во минатото го носела името персиско јаболко.
2. Изреката „Слатка си како праска/Сладок си како праска“ потекнува од кинеската традиција да се понудуваат со сок од праска лица кон кои некој чувствувал љубов.
3. Денес постојат повеќе од 700 видови праски.
4. Од 1982 година, во САД август се слави како месец на праската.
5. Во САД праската денес е трето најпопуларно овошје и дури 25 отсто од светското производство на праска доаѓа од САД.
6. Праската се консумира и како афродизијак.