5.8 C
Скопје
16:56 - 19 декември, 2024

Брчки поради мобилниот телефон – вистина или заблуда?

Поради тоа што мобилниот телефон, кој веќе долго време е составен дел на нашиот живот, не е најдоброто нешто за нашето здравје и психа, она што многумина не знаат е дека штетно делува и на нашиот изглед, односно го поттикнува создавањето на брчките.

Се враќате дома, ако се случи тоа чудо да го заборавите телефонот? Секако, по вашиот „најдобар пријател“, асистент, вашиот поглед кон светот, именик, онаа „направа“ која е вашиот најбрз контакт со луѓето – по мобилниот телефон.

 

Како дефинитивно помага во создавањето на брчките? Во текот на годините спроведени се разни студии и многу од нив го воочуваат негативен впечаток од мобилните телефони. Сега веќе е општо познато дека може да доведе до несоница и депресија, губење на слухот, зголемување на ризикот на неплодност, како и оштетување на нервите во лактот.

Иако сето ова го знаеме, никој сигурно нема да престане да го користи мобилниот, но важно е да сме свесни на недостатоците кои ги има и кои влијаат на вас.

Кога е убавината во прашање, еве што ви прави омилениот мобилен:

„Интернет-врат“

Без оглед дали често праќате новитети или пораки на Инстаграм, многубројните спуштања на погледот на екранот на смарт-телофонот, со текот на времето може да предизвика појава на длабоки, хоризонтални брчки на вратот опуштање на кожата. За да го избегнете тоа, потрудете се телефонот да го држите во хоризонтала на очите (што е полесно изводливо додека седите) и тријте ја кожата на вратот со лосион со пептиди, кои ќе ја стимулираат продукцијата на колаген и ќе спречат, или ќе го одложат создавањето на брчки.

Создавање на „смарт брчки“

Доколку имате навика да користите телефон во мрак, тогаш веројатно значително побрзо отколку вашата генерација ќе почнете да си ги забележувате брчките. Многумина користат телефон без осветлување во просторија – на пример во кревет. Како последица на тоа со текот на времето почнуваат да се формираат брчки, бидејќи очните мускули за да го компензираат недостатокот на светлоста дополнително се напрегнуваат. Ефектот е ист како да сте отишле на плажа без очила за сонце. Кремата на база на ретинол, како и хијалуронската киселина, го ублажуваат изгледот на ситните брчки, додека инјекциите со неуромодулатори можат да го решат проблемот кај подлабоките брчки. Најважна превенција од овие брчки е – не читајте во мрак!

Акни од мобилните телефони

Акните кои настануваат поради честите разговори на мобилниот се многу непријатна појава, а нивниот причинител делумно е од бактериска природа. Екраните на телефоните, посебно новите генерации, обично брзо се замастуваат, а бактериите се лепат на маснотијата. Затоа најдобро е да ја користите спикер-функцијата или слушалки, барем во повеќето ситуации, и редовно да го чистите телефонот со антибактериско средство. Исто така, секојдневно чистете го лицето со препарат на база на салицилна киселина или барем повремено правете пилинг со четка за оваа намена.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....