2.8 C
Скопје
19:39 - 18 декември, 2024

Божиќната ѕвезда со овие совети ќе ви цвета преку целата година

Unsplash

Прекрасното божиќно цвеќе или божиќна ѕвезда како што популарно го нарекуваат обично завршува во отпад по празниците бидејќи не знаеме како да ги одржуваме. И не мора да биде така оваа година ако знаеме како да се грижиме за него. Со неколку вредни совети, популарната божиќна ѕвезда ќе го краси вашиот дом долго откако ќе зачекориме во 2021 година.

Unsplash
Unsplash

Чувајте ја на умерено топло и светло место:

Божиќната ѕвезда сака топлина и светлина, но не премногу. Затоа не е добро да ги чувате овие празнични цвеќиња, на пример, до радијатор или друг извор на топлина, но не ги вадете ниту на тераса за да не замрзнат.

Unsplash
Unsplash

Полевајте го со вода – одоздола:

На овие цвеќиња дефинитивно им треба вода, но сепак не претерувајте со наводнување. Исто така, знајте дека божиќната ѕвезда се наводнува одоздола со ставање во да во заштитната чинија на саксијата. Имено, ако го полевате класично може брзо да овене.

Затоа, на секои три дена, дополнете ја чинијата под саксијата со вода, а вишокот секогаш празнете го. Растение ќе си земе вода колку што му е потребно.

Unsplash
Unsplash

Одржувајте на стеблото:

Со цел божиќната ѕвезда повторно да цвета, откако ќе и испаднат лисјата и ќе се исушат стеблата, скратете ги стеблата неколку сантими.

Потоа преместете го на поладно место каде што температурата не надминува 15 степени. Божиќната ѕвезда треба да остане во такви услови цели осум недели.

По тој период, треба да се пресади во поголема саксија од која повторно ќе почне да расте.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....