-3.2 C
Скопје
03:54 - 23 декември, 2024

Авторката на „Хари Потер“ проговори за сексуалниот напад и за семејното насилство

Џ. К. Роулинг објави пост на својот блог во кој зборува за семејното насилство и сексуалниот напад. Авторката на „Хари Потер“ неодамна беше дел од контроверзната дебата поради нејзините последни коментари за „луѓето со менструација“, каде што ја обвинија за трансфобична. Нејзините коментари привлекоа критики, вклучувајќи го и актерот Даниел Редклиф, кој го играше главниот лик во филмските адаптации на Хари Потер.

Во својот пост, Роулинг го брани своето право да зборува за транс-проблемите и зборува за својата историја на сексуална злоупотреба во обид да ги стави во контекст нејзините претходни коментари.

Јас сум јавна личност повеќе од 20 години и никогаш не сум зборувала јавно за тоа дека преживеав семејно насилство и сексуален напад. Тоа не е затоа што се срамам од работите што ми се случија, туку затоа што тие се трауматични“, вели Роулинг, истакнувајќи дека сега луѓето ќе кажат дека само сака да привлече внимание.

Го спомнав само моето минато, бидејќи како и секое друго човечко суштество на оваа планета, имам комплексна заднина што ги обликува моите стравови, моите интереси и моите мислења. Ги спомнувам сега овие работи не за да ги добијам вашите симпатии, туку од солидарност со огромен број жени на кои ми се случило истото“, рече Роулинг, потенцирајќи ја важноста на безбедните простори што се исклучиво за жените.

Успеав со одредени тешкотии да избегам од мојот прв, насилен брак“, откри Роулинг за нејзиниот брак со португалскиот ТВ-репортер Хорхе Арантес.

Но, сега сум во брак со навистина добар и принципиелен човек, сигурен на безброј начини“, рече авторката на „Хари Потер“, додавајќи дека и покрај прекрасниот брак, лузните оставени од насилството и сексуалните напади не исчезнуваат, без разлика колку сте биле сакани и без разлика колку пари сте заработиле.

Мета на трансродните лица

Нагласувајќи ја безбедноста и основните права на трансродните лица, Роулинг рече и дека трансродовите луѓе намерно ја таргетирале.

Роулинг напиша: „Одбивам да се поклонувам на движење за кое верувам дека прави видлива штета во обид да ја уништи ‘жената’ како политичка и биолошка класа и нуди покритие на предаторите“.

EPA/MATT CAMPBELL

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....