2.8 C
Скопје
11:29 - 23 декември, 2024

Андријана Јаневска: Домот го светнав од подрум до таван

Како изгледа еден ден во изолација во домот на Андријана Јаневска?

Најмногу време поминува во дворот со сопругот и синовите каде што се играат игри, се прави скара, се одмора. Но, не заостануваат ниту училишните обврски на децата и нејзините работни обврски онлајн. Студиото им е во домот, па знае работно да го помине денот и дома. Новонастанатата ситуација овозможува повеќе време со семејството, но и поголема посветеност на домот,  па како и сите домаќинки и таа чисти од подрум до таван.

-Наутро, вежбам вежби околу 30 минути, потоа појадувам, па пијам кафе. Среќа, периодов се погоди сончев, па скоро цел ден го поминуваме во двор. Со децата играме друштвени игри, со сопругот правиме скара во двор, и се разбира, ги почитуваме препораките. Со поголемиот син Димитар (8) ги завршуваме обврските за на училиште, бидејќи наставничката ни задава секојдневни задачи. Како сите домаќинки, домот го светнав од таван до подрум. Бидејќи студиото се наоѓа во нашиот дом, дел од времето одвојувам и за работа. На студентите од ФМУ им делам задачи онлајн, и на тој начин гледаме колку можеме побезболно да го пребродиме овој период. Слободното време најмногу го користам за вежбање шах, во моментов онлајн со мојот тренер Орце Данчевски. Навечер гледам серија на ХБО.

Андријана порачува:

-Седиме дома и не излегуваме, а доколку мора, носиме заштитна маска и ракавици. Мора да бидеме одговорни и совесни за што побргу да помине овој непосакуван период за сите нас.

А еве и интересен предлог што би можеле да правите со своите деца во деновите на изолација. Замесете тесто и правете фигури развивајте ја нивната креативност. Потоа нека ги обојат како што ги замислуваат.

Александра Велинова

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....