-0.2 C
Скопје
01:19 - 19 декември, 2024

5 највалкани производи што ги јадеме секој ден!

Проблемот со овие намирници е што тие доаѓаат од загаденa средина и се екстремно валкани и можат да содржат бактерии, па затоа се опасни по здравјето. Еве за кои производи станува збор и како да се заштитите:

1. Мелено месо

Истражувањето на Министерството за земјоделство од САД открило дека постојат бактерии какви што се стафилококи, салмонела, листерија и клостридија во говедското месо. Добрата вест е дека ешерихија коли се открива сѐ помалку. Во продавница избирајте месо што претежно било „хрането“ со трева, со пријатно боја и убава структура. Ако мирисот на месото е пријатен, тоа значи дека содржи зачини што обично се користат за да се прикрие нешто. Дома секогаш правете сплескани ќофтиња, тенки плескавици и ќебапи, за месото внатре да не остане неиспечено.

2. Пилешко месо

Може да биде заразено со салмонела, кампилобактерии, ешерихија коли и со други патогени микроорганизми. Покрај тоа, антидепресиви, кофеин, антибиотици и високи дози на хормонот за раст може да се откријат кај пилешкото месо. Превентивните мерки вклучуваат купување месо од органско одгледување. Дома секогаш одделувајте ги бубрезите, црниот дроб и кожата на пилешкото, бидејќи во нив се задржуваат најштетните супстанции. Портокалите, разните зачини и боровинките ги убиваат сите штетни состојки со своите антиоксиданти, па затоа треба да се користат често при термичката обработка на пилешкото.

3. Колбаси

Министерството за здравство на САД открило дека колбасите можат да бидат заразени со листерија. Лошо е што овие бактерии предизвикуваат инфекции на гастроинтестиналниот тракт и се размножуваат на ладни места како што е фрижидерот.

4. Школки (остриги)

Во овие вкусни морски плодови се наоѓаат бактерии какви што се салмонела и кампилобактерија. Може да предизвикаат сепса, норовирус и уретритис.

5. Јајца

Најопасна е лушпата од јајцето. Во неа може да се најдат салмонела и листерија. Може да има траги од антибиотици во самите јајца. Кога купувате јајца во продавница, прво проверете го рокот на траење, а потоа дали се цели, односно дали постои можност нечистотијата и бактериите да влегле во јајцето преку испуканата обвивка.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....