7.8 C
Скопје
12:55 - 22 декември, 2024

САМО СО ТРИ БУКВИ: Моќни и слатки имиња за вашето бебе-девојченце

За љубителите на кратки, ефективни имиња, избравме пет со силно значење што можете да ги додадете на вашата листа.

Изборот на името на вашето бебенце е важна одлука што треба да ја донесете како родител. Можеби е забавно, но одговорноста за именување на детенце кое ќе стане човек може да изгледа малку застрашувачка. На крајот на краиштата, вашето дете ќе го носи тоа име до крајот на животот.

Можеби веќе имате добра идеја за име на вашето бебе. Но, можеби вашиот партнер, семејство или пријатели имаат сосема поинаква визија. Дефинитивно може да биде тешко да се задоволат сите. Сепак, ова не мора да биде стресно искуство, напротив, може да биде многу пријатно.

За љубителите на кратки, ефективни имиња, избравме пет со силно значење што можете да ги додадете на вашата листа.

Ада

Името Ада е женско име со германско потекло што значи „благородна“. Ада е изведено од германското име Аделаида, кое потекнува од античкото име Адалхеидис. Коренот, адал, е германски збор што значи „благороден“. Ада, исто така, може да се смета за варијација на библиското име Адах, едно од првите имиња на девојчиња според библиските записи.

Ада е едно од класичните имиња за девојки кое е префинето и моќно во исто време. Омилено име било кон крајот на деветнаесеттиот век, кога Ада се земала како алтернатива на премногу популарното Ави односно Ава.

Според анализите на Google за податоци за пребарување, Ела беше на врвот на популарноста во октомври 2018 година во последните пет години.

Ела

Името Ела има богата историја и се користи уште од грчката митологија, и било многу популарно за време на викторијанската ера. Популарноста повторно порасна во последната деценија благодарение на значајните познати личности како Марк Волберг, Џон Траволта, Ерик Клептон и Бен Стилер, кои на своите ќерки им го дадоа името Ела. Името Ела, исто така може да ја припише својата популарност на култната Ели Фицџералд.

Џиа/или Ги(ј)а

Името Џиа/Гија е женско име со италијанско потекло што значи „Божји милостив дар“. Џиа е слатко, но нежно име што остава впечаток на благодат и елеганција. Џиа е кратка форма на Џиана, Џана, кои пак се деминутиви од Џована, женската форма на Џовани, односно италијанскиот еквивалент на Џон – сите тие значат „Божји милостив дар.“ Дополнително Џиа станува се популарно име како варијации на многу почестото Миа.

Ни(ј)а

Ова име има велшки корени и значи „светло, сјајно“. Ова кратко, звучно име сигурно одговара на остри и остроумни девојки кои ќе го привлечат вниманието со својата харизма што едноставно блеска.

Уна

Уна е женско име со латинско потекло што значи „една“. Во епската песна таа е персонификација на вистината, убавината и единството; ова древно име станува се попопуларно во Европа, а особено Ирците се вљубени во ова име.

Слични објави

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо
Се вчитува....