12.8 C
Скопје
18:19 - 19 април, 2024

Ова се трите фази на љубовта!

Љубовта и романтичните приказни за неа не пратат од бајките и училишните лектири, па се до филмовите и телевизијата, пишува Lepa & Srećna.

Приказните често завршуваат со слика на среќни партнери кои конечно се заедно и ги чека среќа до крајот на животот.

Меѓутоа, во вистинскиот живот, токму тогаш започнува вистинската приказна.

Секоја љубов поминува низ повеќе фази и колку и да сакаме да биде лесно, обично треба доста да се вложи за двајцата да бидат среќни и задоволни во врската.

Психолозите често зборуваат за 3 клучни фази во кои партнерите поминуваат низ потполно различни емоционални состојби.

Unsplash/Nathan Dumlao

 

1. Романтична љубов

Во оваа фаза го идеализираме потенцијалниот партнер. Не исполнува голема возбуда, се радуваме на новата љубов, мислиме на партнерот цел ден и ноќ. Спремни сме да замислиме се најубаво, сакаме да го поминуваме заедно секој момент и пресреќни сме што сме доживеале таква средба.

И како што се вели „премногу е добро за да биде вистинито“, обично така и е случајот.

Тоа не е затоа што сме се „зезнале“ или затоа што некој не измамил.

Едноставно, во оваа фаза на романтиката, мозокот не е во состојба да ги перцепира сите оние „знаци за паника“, односно мааните на потенцијалниот партнер. Мозокот ужива во чувството на љубав и многу му е лесно да „заљуби“ во тоа чувство на заљубеност.

2. Реалистична љубов

Некој ќе рече „не ни е повеќе толку забавно како што ни беше порано“. Некои ќе рече „се соочуваме со потешкотии“.

Ова е едноставно, втората фаза на љубов во која многу партнери се наоѓаат затекнати, бидејќи идеализацијата исчезнува и конечно гледаме кој всушност е нашиот партнер.

Сега се гледаат сите маани и обично во оваа фаза парот раскинува или се одлучува дефинитивно да остане заедно.

Колку трае оваа фаза? Тоа е релевантно. Некои веднаш се одлучуваат на раскинување, додека другите издржуваат и по неколку години.

Доколку сте од оние кои мечтаат за романтична љубов и веруваат само во неа, ќе се почувствувате изневерени. Ќе започнат обвинувањата, повредувањето и очајот. Доколку е можно, јавете се на советник за парови.

Unsplash/Jd Mason

3. Зрела љубов

Во оваа фаза двајцата ќе се чувствувате потполно сигурно. Тоа е токму она што го посакувавте, но е неопходно да се помине низ првите две фази, нема пречки.

Сега се познавате на подлабоко ниво, знаете што сакате, што ве боли, каде ви се слабите точки, но и се прифаќате еден со друг со сето тоа.

Дали се возможни грешки? Секако, како и во претходните 2 фази. Но, нема причина за грижа, сите луѓе прават грешки и само доколку успееме преку нив да изградиме цврста врска, ќе уживаме во сигурна и страсна љубов.

Слични објави

Почина модниот дизајнер Роберто Кавали, кралот на животинскиот принт

еспресо

(Видео) Роналдо го покажа новото „ферари“: Суперавтомобил што вреска луксуз и брзина

еспресо

15 000 посетители на овогодинешниот Саем на мебел кој се одржа минатата недела

еспресо

(Фото) Најубавите модни изгледи на Оскарите: Од Маргот Роби до Зендаја, Аријана Гранде, Џенифер Лоренс, Шарлиз Терон…

еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

„Костимот во Македонија…“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ: Лекција за идните модни креатори и костимографи

еспресо
Се вчитува....