14:23 - 5 април, 2026

Неколку работи за кои не треба да зборувате со партнерот по сексот

Доколку по сексуалниот чин сакате да зборувате со вашиот партнер, мора да ве предупредиме дека сте на чувствителен терен и дека некои теми најдобро е да ги избегнувате.

Прочитајте за тоа кои теми не треба никако да ги отворате по сексуалниот однос…

Не критикувајте ги вештините на партнерот/ката

Дури и ако не сте многу задоволни, не критикувајте го вашиот партнер веднаш по самиот чин.

Искористете го тоа време за да размените нежност, а за можното подобрување и зачинување на сексуалниот живот разговарајте подоцна.

Не коментирајте го телото на партнерот

Доколку го предупредите партнерот дека повторно треба да се врати во теретана, ќе ги повредите неговите чувства и нема да сака да има интимни односи со вас бидејќи ќе се чувствува непријатно.

По сексот треба да разговарате за она што најмногу ви се допаѓа кај него.

Instagram

Избегнувајте го разговорот за некои нерешени проблеми

Секој сака да остане опуштен и да одмори по сексуалниот чин. Затоа не го прекинувајте задоволството со некои неважни разговори од секојдневниот живот.

Не зборувајте за поранешните партнери

Споредувањето или сеќавањето на поранешните партнери секогаш е лоша идеја, а особено по сексот. Избегнувајте ја оваа тема

Слични објави

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....