7.8 C
Скопје
20:01 - 26 октомври, 2026

МУ ОДДАВАМЕ ПОЧИТ НА: Големиот македонски сликар Ѓорѓи Ачески-Аче

Денес му оддаваме почит на големиот македонски сликар Ѓорѓи Ачески – Аче кој починал на денешен ден. 

Бројните цртежи што ги остави зад себе зборат за едно минато време, време за кое копнеат низа генерации. Време кое веќе го нема. Неговиот опус брои над 3 илјади цртежи, а секој, раскажува посебна приказна.

Роден во Прилеп во далечната 1914 година. Почнал да се запознава и создава со сликањето уште како млад. Овој самоук уметник, сè што постигнал во сликарството, го постигнал водејќи се од својот единствен сенс. Неговата посветеност, верба во себеси и големиот талент биле совршен спој.

Љубовта кон цртањето ја должи на Љуба Ивановиќ кој важел за еден од најистакнатите мајстори на графика на просторот на поранешна Југославија. Љуба, со право го нарекувале „кралот на моливот“. Ачески бил воодушевен од делата на Љуба Ивановиќ кој му помогнал да се определи за старата архитектура. Инспирација наоѓал во градските периферии и селските населби низ целата тогашна Југославија.

Неговата прва изложба се случила во 1938 година. Имал над 15 самостојни изложби, а бил дел и од голем број заеднички изложби. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и наградите „3ти Ноември“ и „11 Октомври“.

Ѓорѓи Ачески – Аче засекогаш ќе го паметиме по неговата легендарна изјава: „Можно е да сум постигнал многу, а можно е да не сум стасал никаде, но сигурен сум дека не можев да бидам подруг, освен тоа што сум“.

Аче почина на денешен ден 5 ноември во 1979 година.

Слични објави

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо

Естетиката на машкиот стил низ спојот на класиката и современите трендови во бутикот „Капитол“

Еспресо

(Фото) Сузана Турунџиева сподели фотографии со внукот Јаков: Моменти за кои се живее

Еспресо

Денеска е полна Месечина во Бик — четири хороскопски знаци ќе бидат особено чувствителни на промените

К.С.
Се вчитува....