02:30 - 2 април, 2026

Младата Били Ајлиш ќе ја пее насловната нумера за новиот „Џејмс Бонд“: Уште сум во шок!

Кантавторката Били Ајлиш (18) ја доби честа да ја напише и да ја испее песната за 25. продолжение на Џејмс Бонд „No Time to Die“, пишува Гардијан.

Така Били ќе стане најмладата која направила аудиозапис за познатата франшиза.

„Лудо е да се биде дел од тоа во секој поглед. Голема чест е да се биде во состојба да се направи тематска песна за филм кој е дел од толку легендарен серијал. „Џејмс Бонд“ е најдобрата франшиза што постои. Уште сум во шок“, рекла Били.

Продуцентите на филмот велат дека нејзината песна е беспрекорно изведена и усогласена со емоционалната приказна на филмот.

Режисерот на филмот, Фукунага, изјави дека е голем фан на Ајлиш и на нејзиниот брат.

„Нивната креативност и талентот се неверојатни и не можам да дочекаат публиката да слушне што подготвија. Ова е нова перспектива чиј вокал ќе одекнува во следните генерациите“, рече Фукунага.

Слични објави

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо
Се вчитува....