15:06 - 8 април, 2026

Колку време треба да трае првиот состанок?

Првиот љубовен состанок треба да трае 57 минути и тоа е сосема доволно време за да се запознаете и да ги дознаете основните информации за личноста која ви се допаѓа.

Како што пишува Men’s Health, првите состаноци се наменети за зголемување на привлечноста и интересот помеѓу двајца луѓе.

Науката објаснува дека можете да запознаете привлечна личност и во рок од три минути да сфатите дали постои хемија помеѓу вас.

Правилото првиот состанок да трае само 57 минути може да ви донесе и неколку олеснувања. Доколку не ви се допадне оној со којшто сте излегле, ќе изгубите само еден час од вашиот живот.

Исто така, 57 минути е сосема идеално време за луѓе кои имаат многу обврски, но и за оние коишто се малку послободни, ова време е повеќе од доволно за да разговарате за себеси, за вашите интереси, за плановите во животот и за другите работи за кои сметате се важни и треба да ги кажете на првиот состанок.

Од друга страна, доколку ви се допадне првиот состанок, ќе  имате можност да излезете повторно заедно.

Слични објави

Целта на Артемис 2 е трајно присуство на човекот на Месечината – што би значело тоа за човечкото тело?

Т.Ц.

Елеганцијата започнува во „Капитол“ – одберете стил што се памети за незаборавна матурска вечер

Еспресо

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

Луксуз од полно дрво без луксузен трошок – Одберете си масивна дрвена маса по цена што е реална и достапна

Еспресо

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.
Се вчитува....