-4.2 C
Скопје
09:52 - 9 јануари, 2026

Како да ја победите опсесивната љубомора?

Ако сметате дека вашата љубомора е опсесивна и ја загрозува иднината на врската, еве неколку совети кои ќе ви помогнат да се ослободите од тоа интензивно чувство.

Верувајте му на партнерот. Ако постојано живеете со страв дека тој може да ве изневери или напушти, ќе се оддалечите од него. Претераната љубомора може да ве направи непривлечни. Затоа, верувајте му на својот партнер, особено ако никогаш не направил нешто со коешто би ја заслужил вашата недоверба.

Не се споредувајте со другите. Жените се склони секогаш да ги гледаат недостатоците, без разлика дали тоа се однесува на физичкиот изглед или на карактерот. Жените секогаш можат да најдат некоја познаничка која во нешто е подобра од нив и тоа им создава несигурност и страв дека партнерот ќе ја избере другата жена. Но, секоја жена треба да се ослободи од таа лоша навика на постојано споредување, затоа што секој е уникатен и специјален на свој начин и треба да знае да се цени себеси.

Верувајте си себеси. Верувајте дека имате доволно искуство или способност да изберете партнер кој никогаш не би направил ништо за да ве повреди. Сепак, секоја врска може да тргне во погрешен правец, па потребно е и да бидете убедени дека можете да се справите со секој проблем.

Зголемете ја самодовербата. Несигурноста и отсуството на самодоверба создаваат основа за појава на љубомора. Ако му ја покажете на партнерот вашата несигурност и сомнежите, може да „паднете“ во неговите очи. Затоа, зголемете си ја самодовербата и покажете дека нема место за љубомора во вашата врска.

Оттргнете ги негативните мисли. Понекогаш љубомората се појавува уште пред вашиот партнер да ви даде причина за тоа. Ако се сомневате во него секогаш кога тој ќе задоцни или нема да ви се јави навреме, проблемот побарајте го во себе. Започнете да мислите попозитивно за вашата врска, без непотребно да се оптоварувате со лоши мисли за тоа што може да направи тој кога не е со вас.

Разговарајте со ваша пријателка. Понекогаш искажувањето на чувствата на глас може да ви помогне да ги оставите зад себе. „Исповедта“ пред блиска личност може да ви помогне реално да оцените дали има причина да бидете љубоморни или сè е плод на вашата фантазија.

 

Слични објави

Нада Топчагиќ откри како живее на планина: „Јас сум ѕвезда, а морам да одам во шума за да собирам дрва“

Еспресо

Откачете се: Голема животна промена кај Искра Канзурова

msp-admin

(Фото) Еве како семејството Дивац го прослави Божиќ во Лос Анџелес: На масата погача, реагираше и Новак Ѓоковиќ

Еспресо

(Фото) Оваа убавица е ќерката на Олгица Христовска, посебна радост за Каја

apostolova

Дневен хороскоп за 9 јануари: Размислете пред да донесете одлука

apostolova

„Говорел дека ги споил Свети Василије Острошки“: Нови детали за врската на Мина Костиќ

Е.А.
Се вчитува....