Кога Јованка Орлеанка му се претставила на францускиот воен лидер Роберт де Бодрикур, за да го убеди да ја придружува за да се сретне со Дофинот од Франција, таа сè уште немала 17 години.
Била родена на 6 јануари 1412 година, во Домерими во Лореин, за време на стогодишната војна која избила околу долгото и сложено династиско прашање за наследување на францускиот трон.
Таа не знаела да чита ниту да пишува, како и поголемиот дел од населението во тоа време, а подоцна ќе научи да се потпишува со сопствен потпис. Рекла:
„Не се плашам од ниту една жена од Руан кога станува збор за готвење и шиење. Кога живеев со татко ми, се грижев за куќата “. Таткото бил работник, познат земјоделец во градот кој поседувал свое земјиште, а живееле доста сиромашно.
Гласови од небото
На тринаесетгодишна возраст се случила епизодата што ќе го обележи нејзиниот живот: крај црквата, таа слушнала глас од небото. Гласовите биле, всушност, три: од Свети Михаил, Света Катарина од Александрија и Света Маргарита од Антиохија. Овие гласови секогаш ќе ја придружуваат, давајќи ѝ совети, укори и – на крајот – истите придонеле за нејзината смртна казна.
Потеклото на овие гласови била една од темите на процесот на изрекување на казната. Слушање гласови бил прилично распространет феномен меѓу средновековните светци, пророчици и мистици и постојат многу хипотези поврзани со оваа тема. Јована тврдела дека зборува со овие гласови и дека се потчинувала на нивниот авторитет, дека гласовите претставуваат директна врска со Бога – за што Црвквата не можела да ѝ прости.
На судиите им рекла:
„Би сакала да ѝ се потчинам на моќта на Црквата, но, што се однесува до моето дело, можам само да му се заблагодарам на Бога, оној кој ме инспирира. И ако Црквата се обиде да ме принуди да го направам спротивното од она што Бог го сака од мене, јас нема да ѝ се покорам“.
Потоа нагласила:
„Ги слушав гласовите испратени од Бога кои ги водеа моите постапки“.
Но зошто ѝ се појавувале токму овие гласови? Гласот на Свети Михаил, архангел кој во Апокалипсата ги водел ангелите во битката против ѓаволот кој пак, бил претставен од змеј, (Свети Михаил е прикажан како го прободува змејот со меч), бил главниот глас-водич во нејзините харојски битки. Нејзините други инспиратори се Света Маргарета од Антиохија и Света Катерина Александриска, жени светци кои избрале мачеништво наместо да се одрекуваат од христијанската вера. Света Маргарита често се меша со Света Марина, која маскирана во маж, се заклучила во машки манастир. На Јованка ѝ бил одбиен бракот и, како што раскажала на судењето, му се ветила на Христос, но без да влезе во манастир.
Сè уште не е дојдено времето за фустан
Животот на Јованка Орлеанка, за кој сите знаеме, се одвива во краток период од две години; она што го знаеме за нејзиниот претходен живот е само тоа што самата за себе го раскажала на судењето.
Да се навратиме повторно во 1429 година, кога таа пристигнала во Шинон за да се сретне со Шарл VII и моќната Изабела од Баварија, таму го убедлила Шарл VII да ѝ даде војска, како и најдобрите капетани, кои ќе ја придружуваат во битката. Во тоа време Орлеан е пред паѓање и неговото освојување од Англичаните би претставувало многу тежок пораз за Французите.
Јованка Орлеанка ги води Французите до победа; таа не ги слуша премногу своите придружници и капетаните, туку верува само во она што ја советуваат гласовите. Сепак, таа забранува богохулења, обврзува на исповед и миса, им наредува на проститутките да се оддалечат од логорите на војниците. Се облекува како маж во машка облека и ја сече косата на начин како што тоа го правеле мажите во тоа време. Критичарите долго дебатирале за овој нејзин избор; но најверојатно првично тоа го направила поради практичност, но и поради заштита, бидејќи долг период престојувала во друштво само на мажи.
На прашањето од судиите дали би се согласила да облече женски фустан?, таа веднаш одговара: „Дајте ми еден и да си одам! Инаку, не. Задоволна сум од тоа што го носам, бидејќи Бог сака тоа да го носам!“
И додава: „…ми понудија женски фустан и ткаенина за да направам фустан, а потоа ме замолија да го облечам; но им реков дека не добив одобрение од нашиот господ и дека сè уште не е дојдено времето “.
Во рацете на непријателот
Победите на Јованка Орлеанка предизвикувале возбуда и радост кај францускиот народ, додека Англичаните почнале да се загрижуваат. Шарл VII од Франција бил крунисан и помазан во катедралата на Ремс. Сепак, ставот на судот кон него се менува. Само еден глас се крева против Судот, а тоа е гласот на писателката Кристина Пизанска (пишувала поезија и проза, како и биографии и книги кои содржеле практични совети за жени, а тоа го правела од потреба да заработи за живот за себе и своите три деца).
Во меѓувреме, Јованка продолжила со борбите против Бургунѓаните кои, најпосле, ја фатиле за да ја продадат на Англичаните. Претставувала голема закана која морала да се отстрани. Таа станала предмет на судење за ерес, а гласовите кои ги слушала и машката облека која ја носела биле главните теми што се користеле во испрашувањата на судиите. Јованка пак, одговарала без размислување, воопшто не била исплашена од оние кои ѝ судат.
Во врска со гласовите, судиите ја прашале:
„Како можат да зборуваат ако немаат ниту раце ниту нозе?
„Му се оддолжуваат на Бога. Гласот е убав, сладок и едноставен; зборува на јазикот на Франција… “
„Па, нели Света Маргарита зборува англиски?
„Зошто треба да зборува англиски, ако не застанува на страната на Англичаните“.
Обидите да се ослободи се спорадични и неефикасни епизоди. Кралот бил инертен и не интервенирал. Ја осудила за смрт на клада. Додека престојувала во затворот продолжила да носи машка облека. Смело се соочувала со мачеништвотво.
На 30 мај 1431 година Јованка Орлеанка е однесена на клада на плоштадот на стариот пазар во Руан. Таа побарала да се исповеда и со тоа да ѝ се исполни последната желба што ѝ била ветена.
Нејзината трагедија сепак, се претворила во триумф, зашто Црквата, многу години подоцна, ја прогласила за блажена, а во 1920 година за света.