10.8 C
Скопје
21:24 - 1 март, 2025

(Фото) Репортажа од Халкидики: 60 евра за три лежалки со пијалоци, забрането туширање за оние кои не се гости во барот на плажата

На популарните грчки плажи на Халкидики изгледа дека веќе нема да може да се поминува цел ден со еден пијалок со кој се вклучени лежалка и чадор, како што македонските туристи обично правеа со години наназад.

На една од плажите во местото Криопиги, на првиот крак на Халкидики, Касандра, е правило да се земе минимална консумација од 60 евра ако сакате да добиете лежалки во првиот ред. Значи дека добивате пијалоци или храна за 60 евра и три лежалки во првиот ред, но не смеете да бидете повеќе од три лица, што би дошло 20 евра по лице. Овие лежалки најчесто ги изнајмуваат Грци или туристи од Германија, Англија или скандинавските земји. Македонците ги земаат оние во вториот ред, каде што се плаќа 10 евра по лице со вклучена консумација, но повеќето, на ваквите плажи си носат свои реквизити, столици и чадори.

– Вакво нешто за едно семејство е тотално неисплатливо. Со сопругата и двете деца го плаќаме апартманот 40 евра за вечер, а каде ќе ни биде крајот да даваме 60 евра на ден само за лежалки, пијачки и брза храна која ја нудат на плажите? Затоа комбинираме. Некогаш земаме две лежалки за 20 евра со пијачки, но најчесто си седиме на нашите столчиња за плажа кои ги носиме од дома. Со мали деца, тоа е најпрактично“, ни рече еден турист од Тетово.

Скопјанец пак, кој уплатил услуга сѐ вклучено во еден хотел, вели дека порано мал дел од хотелите имале бесплатни лежалки на плажите за гостите кои уплатиле услуга сѐ вклучено.

-Пред неколку години, кога бевме во истиот хотел, за гостите кои уплатиле „all inclusive“ услуга имаше гратис лежалки, но тоа одамна не е така. Не ми се исплати да плаќам пијачки на плажа кога ги имам во хотелот, затоа ми е подобро да си носам свои столчиња и чадор“, вели скопјанецот.

Она што исто така стана пракса на некоја од грчките плажи е забраната да се користити тушот за туристите кои не се гости во локалот.

– Отидовме на една од популарните плажи во местото Паљури во Грција. Сѐ уште не бевме сместени во ниту еден од локалите на плажата. Прво се капевме, потоа сакавме да се истушираме па сакавме да седнеме во барот и да нарачеме пијачки. Наидовме на голема непријатност од обезбедувањето на плажата кое нѐ пречека пред тушевите. Нѐ врати назад и ни рече дека не смееме да се тушираме ако не сме гости на локалот. Сакавме да бидеме, но по овој негов однос, заминавме на друго место“, ни раскажа едно семејство од Македонија.

Сепак, на плажите на Халкидики сѐ уште постојат плажи кои немаат ограничување со пијалоци на плажата, а има и такви кои две лежалки со чадор без консумација наплатуваат 10 евра.

 

Слични објави

Милан Станковиќ го откри бројот на гласови и проговори по победата на Принц: Само факти!

Еспресо

(Фото) По Инстаграм, сега е избришан и ТикТок-профилот на Јелена Карлеуша

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ ги држи трите сина во раце: Глетката од Тител ги разнежни сите

Еспресо

Брутална како и секогаш: Јелена Карлеуша ја искоментира победата на Принц на „Песна за Евровизија“

Еспресо

(Видео) Шокантен пресврт: Згодниот Принц ги победи фаворитите и ќе ја претставува Србија на Евровизија!

Еспресо

Хороскоп за 1 март: Близнаците ќе бидат креативни, а Стрелците ќе посакуваат промена

Еспресо
Се вчитува....