7.8 C
Скопје
00:00 - 1 април, 2026

(ФОТО) Кандида Удерзо е стогодишна бабичка која сè уште вози: Има легална возачката дозвола

Во Италија лицата постари од 80 години мора да ја обновуваат возачката дозвола на секои две години со лекарско уверение дека се ментално и физички способни.

„Ова обновување ме прави среќна и ќе ме направи да се чувствувам послободна“, изјави Кандида за италијанскиот медиум „Corriere del Veneto“.

Кандида Удерзо е третата стогодишничка од Италија која сè уште вози. Таа ја коментирала и нејзината долговечност.

„Имам среќа. Да живеам до сто години здрава е изненадување и за мене. Никогаш не пијам апчиња, само повремено за да заспијам“, рекла таа.

Нејзиниот вид е добар, вели таа, и може да чита весници без наочари. Секоја недела наутро во шест таа е подготвена за прошетка сама или со пријателите.

„Навистина ми се допаѓа одењето и немам намера да престанам со тоа“, рече таа. Почнала да практикува долги прошетки кога имала нешто повеќе од 50 години и кога станала вдовица.

“Отидов на прошетка со пријателите, поминав некое време во друштво, разговаравме и се смеев. Тоа многу ми помогна. Кога се пензионирав, се приклучив на групата Лаверда. И оттогаш не пропуштив ниту една неделна прошетка”, објаснила таа.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

На која возраст жената го доживува најинтензивниот оргазам?

Еспресо
Се вчитува....