11:14 - 31 март, 2026

Англиска водителка се расплака во емисија поради децата што страдаат во Украина

Англиската водителка Холи Вилогби се расплака во емисијата „This morning“, поради децата што страдаат во Украина. Нејзиниот колега Филип Шофилд најави пауза кога на Холи почнаа да и течат солзи по лицето и таа почна да ги брише со марамче.

„Многу е тешко да не чувствуваш тага кога ќе видиш што се случува во светот“, изјави подоцна Холи Вилогби, а претходно ја погоди и снимката на која се гледа како едно девојче пее во засолниште во Киев.

„Сите бевме многу погодени“, додаде водителката која се расплака и за приказната за 11-годишното момче што само ја поминало границата со Словачка.

Актерката Никола Торп беше присутна во студиото и изјави дека владата не се залага доволно за луѓето да дојдат на безбедно во Велика Британија.

Снимката од емисијата набрзо се прошири низ социјалните мрежи. Гледачите се огласија и пишуваа дека се согласуваат со Никол, а имаше многу коментари и за Холи.

„Апсолутно ги разбирам нејзините солзи. Запомнете дека еден ден и ние би можеле да се најдеме во истата ситуација. Којзнае по кој пат ќе тргне Путин, нема што да изгуби.“, „Може некој да ја прегрне Холи, ве молам“, се само дел од коментарите.

 

Слични објави

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо
Се вчитува....