0.8 C
Скопје
23:00 - 18 декември, 2024

82-ГОДИШНА БРИТАНКА ЈА ОТКРИ ОМИЛЕНАТА СЕКС ПОЗА СО 36-ГОДИШНИОТ СОПРУГ: Сè друго би било премногу болно

Ајрис Џонс

Ајрис Џонс (82) пред една година се омажила за 36-годишниот инженер од Египет, Мохамед Ибрихам. Двојката стана позната по појавувањето во шоуто „This Morning“ во кое минатата година ги шокираа водителките Холи Вилоби и Филип Шофилд со приказни за нивниот сексуален живот, пренесува „The Sun“.

Ајрис од Сомерсет го запознала Мохамед на „Фејсбук“, а потоа отпатувала во Египет за да го запознае. Се верува дека венчавката се случила во Египет и дека Ајрис го прифатила исламот. Таа почнала да разговара со Мохамед, кој е роден во Каиро, истражувајќи го атеизмот на „Фејсбук“.

Тој на почекото ѝ изјавувал љубов преку социјалните мрежи, а потоа открил дека неговите чувства биле потврдени кога првпат ја видел Ајрис на аеродромот во Каиро.

Британското МВР сè уште нема издадено виза за Мохамед, па парот одржува врска на далечина, а неодамна била и нивната прва годишнина од брак.

„Едвај чекам да се видиме. Мојот адвокат вели дека морам да бидам позитивна. Само се надевам дека тоа ќе биде добра вест. Многу ми недостига Мохамед, само го сакам со мене во Велика Британија. За мене би било крај на светот доколку не добие виза“, откри Ајрис.

Одлуката дали да му се дозволи на Мухамед да се пресели во Велика Британија треба да биде донесена на почетокот на ноември, а парот поднел барање за виза уште во август.

„Сега истражуваат. Бараат доказ дека ќе има каде да престојува кога ќе пристигне. Сакаат да знаат и дека добро знае англиски. Тој го положи тој тест. Се грижат и за финансиите. Очигледно треба да бидеш полн како брод за да живееш со брачниот другар“, тврди Ајрис.

Ајрис вели дека пристигнувањето на Мохамед во Велика Британија би било одлично за економијата бидејќи, како што вели таа, тој би можел да работи во електраната „Хинкли Поинт“ бидејќи е обучен инженер.

Врската на парот го привлече вниманието на јавноста на почетокот на минатата година кога Ајрис зборуваше во емисијата „This Morning“ за големата разлика во годините меѓу неа и нејзиниот партнер, а исто така откри детали од нејзиниот сексуален живот.

Водителите Холи Вилоби и Филип Шофилд очигледно не биле свесни дека таа ќе биде толку отворена и веднаш почнале да се смеат кога бабата почнала да зборува за нејзините сексуални авантури.

„Првата ноќ беше прилично тешка. Никој не бил во моја близина добри 35 години… Мислев дека повторно сум девица!“, раскажа таа, додавајќи „Можам ли да ви кажам што користевме? Цело пакување лубрикант“.

Водителката Холи не можеше да се контролира и почна да се смее додека Ајрис продолжи: „Работата е што не можев да одам следниот ден… Се чувствував како да сум јавала на коњ! Имав болки во карлицата. Но, во секој случај, го надминавме тоа“.

„Апчињата што ги пијам ми ја прават кожата ужасно тенка. Така, тоа можеме да го правиме само лежејќи, тој е над мене. Во спротивно нашиот секс би бил многу болен и би имала модринки. Ги задевав луѓето дека сакам да имам секс во кучешка поза, но оваа поза ми е поласкава. Сакам да ги шокирам луѓето. Зошто да не? Тоа ги тера да се смеат. Луѓето кои имаат здодевен живот очигледно се смеат дека употребувам лубрикант. Мохамед е мојот фараон. Тој е чист Египќанец. Тој е многу, многу секси. Тој е прекрасен човек“, тогаш изјави Ајрис.

 

„Сум видела многу жени кои биле изневерени од мажи со помлади жени, но никогаш не сум била вака вљубена. Знам дека сите мислат дека јас сум старата жена што тој ја искористува за пари, но јас немам пари. Не сум жена што може да се излаже. Освен тоа, никогаш не ми барал пари. Сите трошоци ги делиме на половина. Не се плашам дека ќе добие виза, а потоа ќе ме остави. Нему му го доверувам мојот живот. Последен пат се видовме во декември 2020 година, поради пандемијата. Но, ние постојано зборуваме на нашите мобилни телефони или зборуваме на „Фејсбук“. Нема да се откажам додека МВР не му ја одобри визата“, изјави Ајрис.

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ објави досега невидена семејна фотографија: Синот Жељко позира со стегнати мускули

Еспресо

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо
Се вчитува....