-0.2 C
Скопје
08:38 - 18 јануари, 2025

Викенд полн со љубов: На три хороскопски знаци ќе им летаат пеперутки во стомакот, ама и пред очите

Астролозите ги именуваа знаците од Зодијакот кој овој викенд ќе го помнат по бурните емоции кои ќе ги доживеат.

Станува збор за три хороскопски знаци. Некои ќе се заљубат до уши, други ќе влезат во проблематична врска, трети ќе ги разбудат „духовите“ од минатото.

Во секој случај ќе им летаат пеперутки во стомакот, и ќе бидат многу среќни.

Вага

Во текот на целата работна недела Вагата се чувствува многу уморна поради Меркур и Сатурн кои се во опозиција, а Марс во неповолна положба – што го прават секој аспект од вашиот живот (а особено вашиот професионален) прилично тежок за соочување и полн со предизвици. Но во петок навечер ќе се случи вистински пресврт – ќе почувствувате голма сила и енергија и ќе посакате да се дружите. Паметна одлука! Дајте си малку релаксација и искористете ги викенд деновите со среќна месечина кога на осамените Ваги некоја личност ќе ѝ го сврти паметот, а зафатените Ваги – ќе бидат ставени пред искушение да влезат во флерт. Како и да е, се ќе започне бурно и брзо…па, додека трепнете ќе се чувствувате облеани со љубов.

Стрелец

Небото е на ваша страна: Јупитер и Меркур во поволна положба овој викенд ви гарантираат богат социјален живот, полн со доворувања и задоволство. Деновите петок и сабота ќе бидат особено среќни, кога би можеле да имате интересни средби кои дури и ќе ја променат вашата иднина. Осамените Стрелци, нема дискусија дека ќе имаат шанса да влетаат во врска, додека зафатените – кои веќе се во врска – ќе бидат добро раздрмани од вест или средба со поранешен партнер. Како ќе реагирате на веста и дали ќе ги оживеете духовите, до вас зависи.

Риби

Небото им ветува на Рибите големи работи овој викенд, почнувајќи од петок попладне! Сатурн ве поддржува  – малку по малку – да изградите нешто многу важно на емотивен план, дури и ако задоволствата и резултатите нема да бидат веднаш видливи. Венера во поволна положба ви носи среќа во сентименталната сфера: ако сте сингл, не се затворајте дома! Сродната душа може да биде веднаш зад аголот…

Месечен хороскоп за април: Љубов за Близнаците, убави можности за Девиците, голема победа за Овните…

Слични објави

Хороскоп за 18 јануари: Јарците не знаат кај им е главата, Рибите ќе ја променат работата, а вие?

apostolova

(Фото) Сите на куп: Драгана Мирковиќ со децата и снаата ужива во луксузот на Дубаи

Еспресо

(Видео) Секогаш насмеана и згодна: Лила Филиповска се присети како изгледала низ времето

Еспресо

Јелена Карлеуша призна, повеќе не ги крие чувствата кон кошаркарот: „Многу ми се допаѓа…“

Еспресо

(Фото) „Сите сме наши, само…“: Јована Јеремиќ се возеше во метро во Америка, патниците непријатно ја гледаа

apostolova

Се огласи Миша Гроф откако Николина Пишек беше тужена од ќерката на Видоје од првиот брак: На сѐ што има право едното дете, право има и другото…

Еспресо
Се вчитува....