6.8 C
Скопје
09:55 - 1 април, 2026

Викенд љубовџии: Дури пет хороскопски знаци ќе чувствуваат пеперутки во стомакот

Астролозите овојпат именуваа дури пет знаци на Зодијакот за кои овој викенд ќе помине под среќна ѕвезда во однос на чувстава.

Кој ќе почувствува пеперутки во стомакот, прочитајте во продолжение.

Лав

За Лавовите нивната кариера, успехот и препознатливоста се многу важни. Веќе во втората половина од неделата може да го добијат сето ова, а тоа пак, ќе им ја поткрене самодовербата и ќе почнат да зрачат со неверојатна позитивна енергија. Ваквата енергија магнетски ќе ги привлекува овој викенд (од петок до недела) луѓето од спротивниот пол и многу љубовни шанси ќе им бидат на дофат. Зависи што барате – љубов, романса или флерт, сите опции ви се достапни.

Вага

Вагите ќе можат да најдат хармонија во односите со саканите. Поминете повеќе време со нив. Вистинската среќа можете да ја доживеете од пријатни моменти кои ќе ви ја стоплат душата. Не е исклучено многу Ваги да се одлучат овој викенд врската да ја издигнат на ново ниво.

Стрелец

Стрелецот може да оди на патување со партнерот/ката или сам. Можете да резервирате билети/ хотел уште сега. Ако сте соло, понесете пријатели со вас. Овој период ќе биде многу успешен за запознавања, зајакнување на врските, за стекнување нови пријателства…Искористете го.

Водолија

Водолиите ќе имаат нови финансиски можности, со кои ќе можат да достигнат ново ниво на живот и да создадат поволна атмосфера околу себе. Сè ќе испадне како што сакате до крајот на неделата, а таквото расположение ќе ве натера да го изненадите партнерот/ката со романтично викенд патување, вечера или скап подарок. Уживајте во љубовните мигови кои ќе останат незаборавни. Слободните Водилии пак, овој викенд може да запознаат многу необична личност која ќе им го одземе цело внимание.

Риби

Рибите конечно ќе ја разберат нивната вистинска цел и ќе излезат од лушпата. Ќе почнете повеќе да излегувате (конечно!), благодарение на што наскоро ќе можете да запознаете различни интересни личности. Ќе бидете задоволни од се што ќе се случува овој викенд. Откажете се од воздржаноста и забавувајте се, дајте му шанса на оној кој веќе одамна сонува за вас.

 

Слични објави

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо
Се вчитува....