1.8 C
Скопје
18:35 - 21 ноември, 2024

СОВРШЕН АСТРО БРАК: Побарајте си го идниот сопруг или сопруга според хороскопскиот знак

Иако секоја комбинација на хороскопски знаци е способна за среќен, здрав брак, на некои многу им е полесно да го постигнат тоа затоа што нивните желби и карактери се во хармонија, а во нив спаѓаат и овие 7 парови на Зодијакот.

Кога размислуваме за астролошка компатибилност, обично мислиме на сексуална хемија или со други зборови гледаме на краток рок. Но, ѕвездите исто така ни даваат увид во долгорочните предвидувања, како што е компатибилноста за брак. Астролозите на тој начин ги издвојуваат најдобрите комбинации на хороскопските знаци за успешна и среќна врска.

И, додека краткорочната и долгорочната компатибилност може да сподели некои заеднички особини, како на пример дали вашите карактери добро функционираат заедно, заедно со емоционална и сексуална хармонија, брачната компатибилност зема предвид дополнителни фактори. На пример, за знаците да бидат компатибилни за брак, тие мора да имаат заеднички елементи како што се слични вредности, цели и префериран начин на живот, затоа што, на крајот на краиштата, тие го делат животот.

Овен и Лав

Се чини дека се природни сопатници. Како огнени знаци, двајцата едвај чекаат да извлечат максимум што можат од уживањето во животот. И двајцата сакаат партнер кој е подготвен да оди на авантури и да го види светот со нив. Под владеењето на Марс, Овенот носи страст во врската, додека Лавот, под владеењето на Сонцето, нуди разум и рамнотежа. Заедно тие формираат огнено дуо со големи изгледи за „додека смртта не не раздели“.

Бик и Јарец

Бикот со кој владее Венера е насочен кон создавање дом, тоа е знак што сака да создаде најбезбеден и најлуксузен живот, а сонму е да најде некој со кого ќе го споделат. Ова е местото каде Јарецот влегува во равенката, знак кој копнее за безбедност, структура и партнер со кого треба вредно да го гради животот. Кога двајцата завршуваат заедно, тоа е неверојатна сила која е тешко да се запре и тие остваруваат големи работи, притоа стануваат посилни како двојка. Покрај тоа, тие имаат одлична предиспозиција да ја негуваат долгорочната страст.

Близнаци и Вага

За двата припадници на овие знаци, бракот всушност претставува реализација на стравовите – оние во кои тие се „смируваат“ и се ограничени. Тие бараат постојана ментална стимулација и предизвици, а им треба партнер со кого никогаш нема да изгубат теми за кои ќе разговараат. За среќа, тие се надополнуваат многу добро. На пример, на Вагата и е потребно време за себе за да се надополи со енергија, што пак им дава можност на Близнаците да ги следат сопствените интереси и страсти. Тоа е само еден вид рамнотежа што опишува како нивниот брак функционира како одлично животно партнерство.

Риба и Рак

Нема такви романтично идеалистички ликови како што се Рибите, а тие често имаат тенденција целосно да се предадат во врските за да реализираат љубовната фантазија за себе. Поради ова, тие завршуваат со скршено срце, но имаат најмалку шанси тоа да им се случи со Ракот. Припадниците на овој знак, зад нивната „заштитна обвивка“, ја кријат ранливата страна и голема емпатија и ја разбираат емотивната природа на Рибите. Оваа романтична врска меѓу нив има длабоки корени, полна е со нежност и меѓусебно поврзаност.

Девица и Бик

За Девицата тешко е да најде партнер кој живее според нивните стандарди и кој исто така може да трпи конструктивна критика во добронамерниот дух во кој е дадена. Бикот е тврдоглав и доволно самоуверен за да остане верен на самиот себе. Покрај тоа, Бикот во Девицата може да ги разбуди особините кои дури и не знаела дека ги има. Партнер кој ви помага да бидете најдобри? Тоа е она што го сакате покрај себе цел живот.

Скорпија и Јарец

Скорпијата, со која владее Плутон (планета поврзана со моќта), е главно доминантен партнер во повеќето односи, но кога ќе се сретнат со Јарецот, заедно откриваат дека тие се всушност најсреќни во однос на балансираната динамика на моќта. Ова е затоа што Јарецот со кој владее Сатурн има свој сопствен погонски систем. Она што ги приближува особено близу е фактот дека Јарецот ја има енергијата што ја прави Скорпијата да биде спремна да верува во него, да се отвори и да се препушти, што тоа ретко го прават. Оваа врска е обвиена со страст и взаемно восхитување.

Стрелец и Водолија

Кога огнениот Стрелец ќе се сретне со Водолијата, тие го палат пламенот на она што ги прави единствени, наместо да се обидат да ја скротат нивната индивидуалност. Двата знаци се насочени кон слободата и им треба многу простор за да бидат токму она што се. Едниот во другиот, го наоѓа партнерот кој го разбира ова одвнатре. Ова значи дека има мал притисок да се усогласат, што и за двата знака може да биде голем убиец на врската. Долгорочно можат да коегзистираат мирно, славејќи ја меѓусебната единственост и одлично поминуваат на тој пат.

Слични објави

(ФОТО) Дарко Лазиќ и Катарина ја крстија ќерката: Малата Срна е преслатка во бел фустан со панделка на глава

Еспресо

(Фото) Анастасија Гудељ засукала ракави и направила пита: Рецептот се подготвува брзо и лесно

Еспресо

Музичар ја разоткри Тејлор Свифт: Ја излажа публиката, заработи милиони на турнејата, а цело време пееше плејбек!

Еспресо

(Фото) „Тебе не ти е гајле за мене“: Oсамна шокантна објава на Јована Јеремиќ поради која многумина мислат дека раскинала со Драган

Еспресо

Аца Лукас за Лепа Брена: „Продала три арени? Па таа веќе не може ни шоља кафе да наполни“

Еспресо

(Фото) Јелена и Тарик Филиповиќ воодушевени од Скопје: „Почувствуваме толку многу љубов и топлина“

Еспресо
Се вчитува....