-2.2 C
Скопје
08:18 - 22 декември, 2024

ШТО НИ ПОДГОТВИЈА ЅВЕЗДИТЕ ЗА 12 МАРТ: Расте самодовербата на Рибите, нервите на Раковите на тест

Овен
Денес важно е да го кажете тоа што го мислите и да не оставите простор за претпоставки. На работното место ќе мора да се прилагодите на промените, а не да се противите. Инстинктите нема да ве излажат кога се работи за љубовта. Делувајте согласно она што ви го кажува внатрешниот глас. Нема да погрешите.

Бик
Не сакате повеќе да ја работите работата која ви носи нервоза и негативни чувства. Пред вас е промена на работното место. Може да се надевате на убав викенд и нежни моменти кои ќе ги поминете со партнерот. Потребно е само да најдете начин како да му ја докажете вашата љубов. Добро ќе ви дојде физичка активност

Близнаци
Денес талентите како медијатор ќе ви зачуваат важни врски. На работното место обидете се да се истакнете со креативноста, не ја следете само рутината. Приватно, мора да се опкружите со попозитивни луѓе за да си го подобрите расположението. Во љубовта се доближувате до она што одамна го посакувате.

Рак
Денес вашите нерви ќе бидат тестирани. Ако извршите притисок врз себе, може да изгубите важна работа или позиција во општеството. Не летајте во облаците, за да не треснете на земја. Бидете горделиви, но тоа не значи дека треба да бидете арогантни кон околината. И во љубовта ќе бидете подложени на тестови.

Лав
Ќе чувствувате огромна гордост со вашите постигнувања и со вашиот изглед. Не плашете се да го покажете тоа без разлика дали тоа ќе изгледа арогантно или не во туѓите очи. Потребно е искрено да ги изразувате вашите чувства. Пријателите ќе ве поканат на вечера. Не ги одбивајте, бидејќи средбата со нив ќе ви отвори прекрасна нова можност.

Девица
Денес не се потпирајте на стравовите и темните мисли. Среќата ви е на поле работа и финансии, па бидете послободни и креативни во одлуките. Само обрнете повеќе внимание на деталите. Задржете ја љубовната еуфорија и не се задоволувајте со просечниот тек на настаните. И партнерот ќе го „заразите“ со вашата позитивност.

Вага
Ќе сакате да го преуредите просторот во кој живеете или работите. Некои од вашите планови може да бидат предмет на промена. Ќе мора да почекате за подобри времиња за да ги реализирате, не можете веднаш. Не дејствувајте како иницијатор на ништо. Премногу лично сфаќате сè што се случува и си ги повредите сами чувствата.

Скорпија
Иако е викенд, ќе ги искомбинирате задоволството и работата. Со неверојатна леснотија ќе ги сработувате задачите кои ви се дадени, одделувајќи си време за смеа, шеги и телефонски разговори со саканите. Балансот кој ќе го воспоставите ќе биде за почит. Можете да им го промените расположението на членовите на семејството.

Стрелец
Можни се некои ненадејни пресврти на деловно поле. Моментално промените кои следуваат не зависат од вас. Со саканата личност имате проблеми, кавги и несогласувања, па не ви е лесно да најдете емотивен мир. Саканата личност не ви ги покажува чувствата, а вие веќе немате нерви. Под огромен притисок и стрес сте.

Јарец
Денес можете да прибегнете кон изненадувачки акции што ќе ви овозможат да ги надминете вашите конкуренти. Имајте на ум дека луѓето ќе имаат целосна доверба во вашите зборови. Воздржувајте се да покажувате екстремни емоции. Понекогаш претерувате и станува посесивни. Инаку, во спротивно, партнерот ќе почне да се оддалечува од вас.

Водолија

Со помош на смирени разговори и шарм ќе можете да допрете до вашите колеги кои ви делуваат какво тврд орев. Денес ќе добиете совет од повозрасна личност кој вреди да го следите. Не ги игнорирајте зборовите на возрасните само затоа што вие можете да прочитате сè во книга или онлајн. Некои лекции се учат само со живеењето.

Риби
Денес ќе расте вашата самодоверба. Ќе правите храбри потези, ќе предлагате смели идеи, а соработниците ќе бидат воодушевени од вашите настапи. Самодовербата ќе ви порасне, а тоа ви недостасуваше во последно време. Зарем не гледате дека единствените ограничувања пред вас се оние кои самите си ги поставувате?

 

Слични објави

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо
Се вчитува....