Иако за сериските убици е карактеристично дека имаат добри организациски способности и се многу прецизни, какви што се главните карактеристики на Девиците, интересно е што речиси и да нема познат серијски убиец роден во знакот на Девица. Рибите пак, се познати по нивната неорганизираност и отсутност, а сепак, најголем е бројот на прочуени сериски убијци родени во знакот на Риби.
Риби
На прво место ги имаме Рибите, што опфаќаат неверојатни пет од 25-те сериски убијци. На листата се Денис Рејдер, Ајлин Вуорнос, Доналд Хенри Гаскинс, Џон Вејн Гејси и Ричард Рамирез – сите познати имиња што сме ги слушнале илјадници пати во филмови и документарни филмови и подкасти.
Денис Рејдер, роден на 9ти март 1945 година, е познат како BTK убиец и одговорен е за десет извршени убиства. Отслужува десет доживотни казни во затворот во Канзас. Ајлин Вуорнос, родена на 29 февруари 1956 година, била американски сериски убиец, кој убила шест мажи, а по нејзиниот живот е снимен филмот „Монструм“ со Шарлиз Терон во главна улога. Доналд Хенри Гаскинс, роден на 13ти март 1933, бил обвинет за девет убивства. Џон Вејн Гејси, роден на 17ти март 1942, убил најмалку 33 момчиња. И Ричард Рамирез, познат како Ноќен сталкер, роден на 17-ти март 1960, бил обвинет за 13 убиства.
Рибите, често се нарекуваат сонувачи на Зодијакот. Овој знак има долга листа на прекрасни особини, но исто така е познат по тоа што знае да биде надвор од допирот со реалноста.
Близнаци
Близнаците се наоѓаат на второто место на листата, со три прочуени сериски убијци. Англискиот сериски убиец Питер Сатклиф, кој е роден на 2 јуни 1946 година во Англија, станал познат како „Јоркширски Мевосек“.
Суперпознатиот Џефри Дахер е исто така Близнак, роден на 21ви мај 1960 година. Тој бил познат по бруталното убиство на дури 17 мажи, како што е наведено во Музејот за криминал во Тенеси.
На списокот на Близнаците е и убиецот “Син на Сем”, Дејвид Берковиц, роден на 1 јуни 1953 година. Тој убил шест лица во Њујорк помеѓу 1976 и 1977 година, а според биографијата, бил случајно уапсен поради прекршок.
Една од најпрепознатливите карактеристики на Близнаците е тоа што се шармантни, а такви биле сите тројца претходно спомнати сериски убијци. Секако, биле и социопати, односно страдале од растројство на личноста.
Стрелец
Тројцата сериски убијци кои се родени во знакот на Стрелец се Тед Банди, Денис Нилсен и Розмари Вест. Банди е роден на 24-ти ноември, 1946, и признал дека убил 36 млади жени во повеќе држави на САД во раните 70-ти години. Бил многу љубезен и многу образуван човек, женет, а за неговиот живот се снимени дури седум филмови. Шкотскиот сериски убиец, Нилсен, роден на 23 ноември 1945 година во Велика Британија, убил 12 млади мажи во 1970-тите и 80-тите години во Лондон. По него е снимен филмот „Студената светлина на денот“, а снимени се и над десетина документарни филмови. И Розмари Вест, роден на 29 ноември 1953 година, исто така од Велика Британија, убила најмалку 10 млади жени. Во убиствата најверојатно и помагал нејзиниот сопруг Фред, кој подоцна извршил самоубиство во затворот.
Стрелците се луѓе кои бараат авантури. Тие се исто така познати и по други позитивни особини, како што е отворениот ум и оптимизмот. Но, гледано од потемната страна, може да бидат невнимателни и претерано самоуверени.
Водолија
Четврти на листата се Водолиите, со уште тројца познати сериски убијци. Гери Риџвеј, Роберт Хансен и Луис Алфредо Гаравито. Риџвеј, познат како “Green River Killer” е роден на 18ти февруари 1949 година, а одговорен е за најмалку 49 убиени жени во Вашингтон, а бил уапсен многу доцна, дури во 2001. Три пати бил во брак, а за него се снимени над 15-на филмови. Хансен, роден на 15ти февруари 1939, познат како Пекарот, бидејќи бил сопственик на пекарница. Според “Вашингтон пост”, тој бил осуден во 1984 година откако признал дека убил 17 жени. И Гаравито, роден во Колумбија на 25 јануари 1957 година, признал дека силувал, мачел или убил 140 деца и тинејџери, според Гардијан.
Водолијата, од една страна, е позната по тоа што е отворена и фер. Но, од друга страна, Водолијата има тенденција да биде ирационална, да има потреба од заштита, како и да има самоуништувачки карактеристики.
Се разбира, доколку сте родени под еден од овие четири хороскопски знаци, не значи дека има шанса да станете сериски убиец, ниту пак дека може да имате насилни тенденции. Сепак, интересно е, да се видат сличностите меѓу сериските убијци, според карактеристиките кои ги поседувале, а кои сосема одговараат на знакот во кои се родени.