21.8 C
Скопје
19:04 - 2 мај, 2024

Неделен хороскоп (30 јануари – 5 февруари): Рибите ќе блеснат, среќна недела за Скорпиите, убави изненадувања за Биковите…

Оваа недела планетата Венера во опозиција со знакот Девица ќе му донесе тешкотии на овој знак, но и на Близнаците и Стрелците.  А вие, во кој знак сте родени? Дознајте со нас што ви подготвуваат ѕвездите оваа недела!

Овен: Ѕвездите ви даваат предност на работа!
Драг Овен, конјукцијата на Јупитер продолжува да ви дава предност, и покрај тоа што на вашиот пат има некои мали пречки кои ги носи неповолниот транзит на Меркур… Некои судири или напнатост на работа би можеле да ве направат нервозни, но ќе бидете во можност да продолжите по својот пат и на крајот успехот ќе биде ваш! Денови на среќна Месечина: сабота и недела. Денови за малку одмор: четврток и петок.

Бик: поволни транзити!
Драг Бик, оваа недела може да сметате на поволните транзити на планетите Венера и Меркур, подготвени да ви дадат многу среќа и на планот на чувствата и на професионален план. Четврток и петок, дури и со прекрасна Месечина на ваша страна, би можеле да ви резервираат убави изненадувања. Внимавајте во сабота и недела, кога неповолниот транзит на Месечината може да донесе малку повеќе нервоза и лошо расположение…

Близнаци: одличен почеток!
Драги Близнаци, вашата недела не може да започне подобро од ова! Во понеделник, вторник и среда ќе имате прекрасна Месечина на ваша страна, која – заедно со планетата Марс, исто така во знакот – ќе ви даде добра енергија и предност над другите. На работа би можеле да се појават интересни прилики… Некои тензии, сепак, во сентименталната сфера, поради Венера во позиција.

Рак: Меркур ве попречува да успеете
Драг Рак, Сонцето конечно повеќе не е во опозиција со вашиот знак, но за жал ни остана планетата Меркур, која ќе донесе уште некои пречки или забавувања на вашиот пат, особено на професионалното поле. Искористете ги четврток и петок, кога ќе имате убава Месечина на ваша страна за да ве поддржи. Поволниот транзит на Венера ви носи среќа на полето на чувствата: не плашете се да го кажете тоа што го чувствувате!

Лав: почнете од себе!
Драг Лав, конечно планетата Венера веќе не е во опозиција и, малку по малку, ќе можете да најдете малку повеќе спокојство што се однесува до чувствата. Ако успеавте да излезете неповредени од јануарската криза, вашата врска ќе си ја врати силата и разбирањето, додека ако сте сингл ќе имате можност да се „рестартирате“, и ќе одите понатаму, а и ќе стигнете далеку! Искористете ги среќните денови на Месечината – сабота и недела.

Девица: љубовни проблеми
Драга Девица, за жал оваа недела опозицијата на Венера ќе почне да се чувствува, внесувајќи доста тешки дискусии во вашиот љубовен живот. Нема да биде лесно да најдете разбирање со партнерот: најдобри денови за дијалог ќе бидат четврток и петок, кога на ваша страна ќе имате поволна Месечина. Професионалната сфера е среќна, со прекрасен Меркур кој ќе донесе нови можности.

Вага: Не грижете се премногу!
Драги Ваги, не е лесен период за вашиот знак од професионална гледна точка: не недостига стрес, а исто така се чини дека – и покрај вашите напори – не успевате да ги постигнете посакуваните резултати… За се е виновен Јупитер во неповолна положба и неповолниот транзит на Меркур, кои создаваат тензии во канцеларија и не ви помагаат да ги пронајдете вистинските сојузници. Не грижете се премногу и продолжете по својот пат: тркалото наскоро ќе се сврти во ваша корист!

Скорпија: среќна недела!
Драга Шкорпија, вашата недела ќе биде дефинитивно среќна, во која ќе можете да сметате на поддршката и од планетата Венера и од планетата Меркур, спремни да ви донесат големо задоволство и на полето на чувства и на професионален план. Најсреќните денови во неделата, дури и со прекрасна Месечина на ваша страна, ќе бидат четврток и петок. Негативни денови: сабота и недела.

Стрелец: спротивна Месечина
Драг Стрелец, вашата недела не започнува најдобро: понеделник, вторник и среда ќе мора да се справите со Месечината во опозиција, која може да донесе некои неочекувани настани или повеќе пречки на вашиот пат. Пред се ќе ви биде тешко во сферата на чувствата, со Венера во неповолна положба што ќе ги нагласи тензиите во вашиот љубовен живот. Среќна Месечина – во сабота и недела.

Јарец: со Меркур во знакот!
Драг Јарец, и оваа недела може да сметате на Меркур, подготвен да ви даде предност, особено на работното место. На хоризонтот се подготвуваат важни успеси: не се обесхрабрувајте ако се чини дека резултатите не пристигнуваат веднаш! Внимавајте на дефинитивно тешките денови – четврток и петок, кога Месечината во опозиција може да ви донесе голема нервоза.

Водолија: сонувајте на големо!
Драга Водолија, вашиот знак е секогаш полн со проекти и иницијатива, и не се плашите да сонувате! Оваа недела поддршката на Марс и Јупитер ќе ви даде предност и ќе ви помогне да направите чекор напред кон реализација на вашите соништа. Најсреќни ќе бидат деновите – понеделник, вторник и среда, со убава поволна Месечина. Месечината во опозиција пак, ќе биде во малку тешките денови – сабота и недела.

Риби: Подготвени да блеснете?
Драги Риби, планетата Венера конечно застана во одбрана на вашиот знак, а вие ќе блескате посилно од кога било! Ќе биде навистина тешко да ви одолее некој… Доколку сте слободни, важна средба е веќе зад аголот. Паровите, од друга страна, би можеле да направат големи планови за нивната заедничка иднина. Дури и професионалното поле го фаворизираат ѕвездите: нема да недостасуваат интересни можности, особено во вториот дел од неделата.

Слични објави

Наташа Беквалац ослабела 10 килограми: Пејачката откри кои намирници се дел од нејзиното мени

Еспресо

„Ете пак…“: Никола Роквиќ доживеа трогателен момент по патот кон Грција

Еспресо

Синовите на Лепа Брена имаат уште по едно име: Стефан го откри неговото вистинско име и на брат му

Еспресо

(Видео) Горан Бреговиќ ја отсвири песната на Сандра Африка на гитара и ги остави сите зачудени: „Неко че ми ночас направити сина“

Еспресо

Јована Јеремиќ сепак одлучи да не се мажи повторно: Не сакам деца, а бракот не ми е важен

Еспресо

(Фото) Таа е најбогатата пејачка на Балканот! Заработува 92 милиони годишно, има две фирми и еден вработен

Еспресо
Се вчитува....