1.8 C
Скопје
21:48 - 18 декември, 2024

Неделен хороскоп (18 до 24 декември): Добра вест за Овните, важен одговор за Јарците, љубов за Раковите…

ОВЕН: ДОБРА ВЕСТ
Драг Овен, оваа недела планетата Меркур ќе го напушти „непријателскиот“ знак Јарец за да се врати во оној на Стрелец, давајќи ви период на одмор, особено во однос на вашите професионални грижи. Деновите среда и четврток ќе бидат особено среќни: ќе можете да сметате на прекрасна Месечина која ќе ви даде емоции за паметење!

БИК: ПРОБЛЕМИ ВО ЉУБОВТА
Драг Бик, за жал, планетата Венера продолжува да биде во опозиција со вашиот знак, нагласувајќи ги конфликтите во вашиот живот во пар… За да барате дијалог со партнерот, фокусирајте се на деновите петок и сабота, кога ќе имате убава среќна Месечина во конјукција со вашиот знак која ќе ви помогне да се разберете себеси. Добри вести би можеле да пристигнат на работното место, особено во првиот дел од неделата.

БЛИЗНАЦИ: ЌЕ МОРА ДА ПОЧЕКАТЕ
Драги Близнаци, за жал оваа недела – почнувајќи од сабота – планетата Меркур ќе се врати во опозиција на вашиот знак: ако чекате одговор на работа или потврда, ќе мора да почекате. Марс, исто така во опозиција, ќе направи да се чувствувате особено под стрес. Искористете го викендот, кога Месечината ќе дојде во спој со вашиот знак, за да си овозможите заслужена релаксација.

РАК: ВЕНЕРА СЕ ГРИЖИ ЗА ВАС
Драг Рак, планетата Меркур ќе остане во опозиција до сабота, подготвена да ви даде малку одмор во предпразничниот период. Искористете ја можноста да повратите малку енергија со оглед на тоа што месецот јануари ќе биде доста стресен… Венера продолжува да работи во ваша полза: вашиот љубовен живот е заштитен од ѕвездите! Среќна Месечина во понеделник, вторник и петок. Нервозна Месечина помеѓу среда и четврток.

ЛАВ: ВЕНЕРА НЕПОВОЛНА
Драг Лав, не е среќен период кога се во прашање чувствата: неповолниот транзит на Венера во знакот Скорпија внесува кавги и дискусии во вашиот љубовен живот. Посебно внимавајте на петок и сабота, кога неповолната Месечина исто така ќе ја зголеми нервозата и напнатоста меѓу вас и партнерот… Меркур повторно ќе ви се насмевне за време на викендот. Среќен ден: недела.

ДЕВИЦА: ПРЕЧКИ НА РАБОТА
Драга Девица, вашата недела започнува со два прилично тешки денови: во понеделник и вторник, Месечината во опозиција може да создаде некои неуспеси или да ве направи малку понервозни. Среќна Месечина, пак, ќе имате во петок и сабота. Во текот на викендот, планетата Меркур ќе се врати во знакот „непријател“ (на Стрелец) и би можела да создаде – во следниот период – уште некои пречки на работа.

ВАГА: ОЛЕСНУВАЊЕ!
Драга Вага, оваа недела – почнувајќи од сабота – планетата Меркур ќе се врати во „пријателскиот“ знак Стрелец, подготвена да ви донесе малку олеснување во однос на последниот период кој, особено на полето на работа, беше прилично тежок. Месечината во опозиција во среда и четврток, може да направи одредена тензија дома или во канцеларија. Искористете го поволниот ден -недела.

СКОРПИЈА: СО МОЌТА НА ВЕНЕРА!
Драга Шкорпија, продолжува вистински среќен период за вашиот знак кога се во прашање чувствата: Венера ја зајакнува вашата врска и им помага на слободните да имаат интересни средби… Не плашете се да чекорите напред! Внимавајте во сабота и недела, кога Месечината во опозиција може да ви донесе уште некои пречки, особено можни на полето на работа.

СТРЕЛЕЦ: ДОБРЕДОЈДЕ МЕРКУР!
Драг Стрелец, во сабота Меркур ќе се врати во вашиот знак: со оглед на новата година, оваа планета ве поканува да ги преиспитате вашите врски, особено професионалните, помагајќи ви да најдете нови сојузи кои би можеле да ве водат кон промени. Секако, Сатурн во неповолна положба и Марс во опозиција ви велат дека нема да биде лесно, но ќе излезете како победници! Среќни месечеви денови: среда и четврток.

ЈАРЕЦ: ОДЛИЧНО!
Драг Јарец, оваа недела Сонцето ќе влезе во вашиот знак, стигнувајќи до планетата Меркур, до сабота: ако за некои од вас веќе пристигнала добра потврда или важен одговор, за другите ќе пристигне наскоро – на крајот на декември и на почетокот на месец јануари! Подгответе се конечно да ги жнеете плодовите од вашата напорно заработена работа, а во меѓувреме уживајте во прекрасна среќна Месечина помеѓу петок и сабота.

ВОДОЛИЈА: ТЕНЗИИ СО ПАРТНЕРОТ
Драга Водолија, за жал и оваа недела нема да недостигаат проблеми во љубовниот живот: планетата Венера во неповолна положба ризикува да ги акцентира конфликтите меѓу вас и вашиот партнер и да предизвика – во најлош случај – вистинска криза. Обрнете особено внимание на деновите петок и сабота, кога дури и Месечината ќе биде доста нервозна. Подобро е да се фокусирате на деновите со поволна Месечина: среда и четврток.

РИБИ: СО МЕСЕЧИНАТА ВО ЗНАКОТ!
Драги Риби, вашата недела започнува одлично, со два дена со прекрасна Месечина: ако чекате одговор или потврда на работа, тие конечно би можеле да пристигнат! Јупитер гарантира успех на вашите проекти. Среќна Месечина ќе имате и во петок и сабота. Поволната Венера ви дава денови полни со љубов, а исто така им помага на долготрајните врски да го оживеат разбирањето и повторно да ја откријат страста.

Три хороскопски знаци ќе имаат прекрасна среќа овие денови: Крајот на неделата ќе им биде неверојатен!

Слични објави

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо
Се вчитува....