23.8 C
Скопје
14:07 - 19 мај, 2024

ЗОШТО ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ ОСТАНУВААТ ВО ТОКСИЧНИ ВРСКИ: Бикот не сака промени, Овните не признаваат пораз, Рибите веруваат во љубов…

Овните остануваат во токсична врска бидејќи не сакаат да претрпат загуба

Кога станува збор за емотивна врска, Овенот претпочита да брка „плен“ освен ако не наиде на некој навистина посебен/на, а потоа целосно да се посвети на градењето на таа врска, сакајќи сè да функционира како што треба.

Сепак, Овенот сака да биде во право постојано, дури и кога знае дека не е во право и затоа му е тешко да признае дека врската е на работ или е веќе пропадната.

Со оглед на тоа што по природа Овенот е тврдоглав, не му е лесно да се откаже од врската која повеќе не е она што била. Може да остане со партнерот иако не е среќен, само затоа што не е подготвен да признае личен пораз.

Бикот останува во лоша врска бидејќи не сака промени

За Бикот промената е една од најстрашните работи. Некои знаци од Зодијакот можат со голема самодоверба да одат во непознатото, но Бикот не е таков човек. Сака да знае што го чека од другата страна пред да скокне и тоа важи за неговиот личен, професионален и љубовен живот.

Биковите нема да ја напуштат работата ако немаат друга сигурна опција и нема да раскинат со некого додека не направат план за животот по раскинувањето.

Биковите остануваат во токсична врска бидејќи се плашат од промени. Можеби звучи глупаво, но тие попрво би биле во непријатна или тажна врска отколку да ја раскинат и да се соочат со непознатото.

Близнаците остануваат во лоша врска бидејќи сакаат врска

Иако Близнаците многу ја ценат својата слобода дури и во сериозна врска, тие сакаат цврсто да се врзуваат со личноста за која навистина се грижат. Сè додека нивната врска не се заснова на секојдневна рутина, тие се среќни. Кога врската ќе почне да ги гуши, тие ќе сакаат да излезат од неа што е можно поскоро.

Сепак, колку и да им е тешко да прифатат дека врската со партнерот повеќе не е забавна и возбудлива како порано, сепак нема да можат да го пуштат партнерот туку-така. Дури и ако партнерот емотивно ги повреди, тие нема да сакаат да се откажат од врската што ја создале.

Кога се заедно, може да биде сосема очигледно дека врската не функционира. Но, кога ќе бидат разделени, Близнаците ќе ја одржуваат врската барем преку социјалните мрежи.

Ракот останува во токсична врска бидејќи е лојален

Ракот е чувствителен и нема ништо лошо во тоа. Раковите имаат емоционални потреби кои мора да се задоволат и затоа внимателно го избираат својот емотивен партнер. Раковите се свесни дека не е лесно да се најде некој кој ќе направи да се чувствуваат ценети и сакани и затоа им е тешко да го замислат животот без таа личност, без разлика во каква врска на крајот се претворила.

Тие остануваат со својот партнер, иако можеби се чувствуваат повредени во врската затоа што не сакаат врската да има несреќен крај.

Постои дел од Ракот кој едноставно не може да ја напушти таа врска, а тоа е делот што се надева дека работите ќе се свртат на подобро и заедно повторно ќе бидат среќни.

Лавот останува во лоша врска бидејќи знае длабоко да сака

Лавовите сакаат да бидат во врска затоа што имаат големо срце и многу љубов да пружат, а паметно ги избираат емотивните партнери. Сакаат да знаат дека тоа е личноста со која ќе можат да го споделат својот живот и која ќе им даде онолку љубов колку што се спремни и тие да дадат.

Лавовите немаат проблем да останат сами кога се чувствуваат повредени. Но, да се остави некој близок е веќе малку потешко.

Лавот ќе остане со партнерот, иако не е среќен во врската, бидејќи сè уште негува длабоки чувства кон таа личност. Дури и ако технички не се заедно, може да им биде тешко да продолжат понатаму и пред да бидат подготвени да дозволат врската да умре. Раскинувањето и продолжувањето на самостојното живеење мора да биде негова одлука.

Девицата останува во лоша врска бидејќи не сака да донесува избрзани одлуки

Девицата не е тип на личност која може да носи брзи и импулсивни одлуки, особено кога станува збор за љубовниот живот. Меѓутоа, понекогаш романтичната врска може да се третира како да е деловна врска ако се чувствува посигурно во процесот додека се поврзува со некого.

Доколку забележи дека нивната врска е завршена, Девицата може да започне деловен начин на комуникација. Не сака неуспеси и затоа останува во токсична врска. Кога некој проект ќе тргне наопаку на работа, Девицата е таа што ќе ја земе  контролата за да се обиде да го спаси проектот и да ја врати работата на вистинскиот пат. Истото важи и за емоционалната поврзаност.

Девицата ќе се обиде да ги поправи работите, дури иако е подобро да ја прекине врската веднаш. Можеби таа одлука конечно ќе биде донесена, но на Девиците останува да ги истражат сите можности пред да прифатат дека е време да се откажат од врската и да продолжат со животот понатаму.

Вагата останува во токсична врска бидејќи сака да заврши како во бајка

Една од главните цели во животот на Вагата е да најде љубов од бајките. Животот не им е целосен ако не се во врска со некој што прави да се чувствуваат комплетно, сакано и посебно.

Првото познанство е секогаш возбудливо. Сега, кога врската влегла во рутина, помала е веројатноста да си заминат ако работите се влошат. Вагите ќе трпат повремени емоционални повреди бидејќи најчесто се чувствуваат удобно покрај личноста која им е блиска, и не им е во природа да се караат или да се спротивставуваат.

Друга причина поради која остануваат во токсична врска е тоа што сè уште се надеваат дека ќе најдат среќа што ќе трае вечно. Вагите знаат дека врските имаат подеми и падови и се надеваат дека ова е само минлив момент и дека работите повторно ќе се подобрат доколку останат во врска.

Скорпијата останува во токсична врска бидејќи верува во посветеноста

На Скорпиите им е тешко да се отворат кон другите и да го изразат она што го чувствуваат затоа што не им е удобно да бидат отворени и ранливи. Кога ќе најдат некој покрај кого се чувствуваат безбедно и сакано, сакаат да се држат за таа личност и не можат да го замислат животот без неа. Освен тоа, таа личност ги знае сите нивни тајни.

Скорпијата може да остане во врска, иако е емотивно повредена, само затоа што се плаши дека нема да најде некој/а како таа личност. Ѝ требаше долго време да се отвори и да ја пушти таа личност во својот живот, а раскинувањето на врската би значело повторно да го заклучи своето срце.

Покрај тоа, Скорпијата може да биде многу посесивна. Пуштањето на емотивниот партнер значи дека некој друг ќе го има, а Скорпијата не е личност која дозволува работите да одат толку лесно.

Стрелецот останува во токсична врска бидејќи далечината го тера да заборави на лошите моменти

Само затоа што сака да ја има својата слобода во врската, за Стрелецот тоа не значи дека нема срце полно со љубов и наклонетост.

Стрелецот останува во врска иако е емотивно повреден, бидејќи заминувањето значи дека постојано ќе размислува за својот емотивен партнер. Секојпат кога оди на шопинг или појадува во омиленото кафуле или е на пат, неизбежно е партнерот да му се врти во памет.

На тој начин неговиот ум си реконструира каква била всушност врската и дури може да се убеди себеси дека врската е подобра отколку што навистина е.

Јарецот останува во токсична врска бидејќи се држи до надежта

Само затоа што се интелектуално паметни не значи дека Јарецот не ги прави истите грешки како и сите други. Кога Јарецот ќе најде некој кој се восхитува на неговата мотивација и одлучност да успее, како и на неговиот став, тој цврсто ќе ја зграпчи таквата личност.

Јарецот ќе остане во лоша врска бидејќи се плаши дека нема повторно да најде слична врска. Затоа повторно и повторно се свртува кон таа врска со надеж дека овој пат ќе биде подобро и поинаку.

Водолијата останува во токсична врска бидејќи е вистински пријател

За да ја направи врската навистина успешна, Водолијата гради пријателска основа и пред да се случи нешто романтично. Нема ништо лошо во тоа, но важно е водолијата да запомни дека мозокот не може да биде единствениот кон кого треба да се обрати кога е потребна помош, бидејќи и срцето игра важна улога.

Водолијата ќе остане во врска, иако се чувствува лошо во неа, само затоа што нивното пријателство никогаш не било доведено во прашање. Се разбира, пријателот никогаш не треба да ја повреди личноста за која се грижи. Сепак, Водолијата треба самата да открие дека мора да ги раздвои љубовта и пријателството во својата глава.

За Водолијата емотивната врска можеби е завршена, но пријателството не.

Рибите остануваат во токсична врска бидејќи веруваат во љубов

На Рибите им е потребна врска со емотивен партнер бидејќи веруваат и чувствуваат дека сите нивни тајни, ранливости, стравови и соништа се безбедни со таа личност. Зошто некогаш би барале некој друг кога во таа личност пронашле се што би можеле да посакаат.

Рибите остануваат во лоши врски бидејќи нивниот знак, кој претставува две риби кои пливаат во спротивни насоки, значи дека можат да бидат и топли и ладни во исто време.

Рибите во еден момент се чувствуваат среќни во врската, а веќе следниот момент ќе се чувствуваат повредени и ќе сакаат да излезат од таа врска што е можно поскоро. Умот и чувствата постојано си играат со Рибите и тешко им е да знаат во што да веруваат.

 

Слични објави

„Во еден момент темнината стана неподнослива“: Беjби Лазања се борел со депресија, еве како го нашол спасот

Еспресо

Сите сопруги на Јосип Броз Тито: Пред Јованка, се оженил за девојченце од Русија

еспресо

Интервју со протојереј – ставрофор Александар Димоски, парох Струшки: Спасе и Спаса Вишенски се впишаа во Диптихот на светиите

Јасмина Кантарџиева Димков

(Фото) Ричард Гир со сопругата Алехандра блеснаа на црвниот тепих во Кан: Годините се само бројка

еспресо

Астропрогноза за недела, 19 мај: Изненадување за близнаците, биковите да сушаат совети

еспресо

Опасен период: Три хороскопски знаци кои треба да внимаваат до крајот на мај

еспресо
Се вчитува....