3.8 C
Скопје
20:41 - 20 декември, 2024

Животна мантра за секој хороскопски знак: Следи го срцето, но понеси го и умот

Секој хороскопски знак поседува своја мантра, која се повторува низ животот. Убаво е да ја знаете за да решите сопствени проблеми и дилеми.

Овен

Прифатете ја реалноста, заборавете го минатото и верувајте во тоа што може да се случи во иднина.

Имате желба да бидете постојано одговорни, со тенденција да бидете тврдоглави за минатото. Важно е да го прифатите сегашниот момент и да продолжите понатаму. Верувајте дека сте на вистинското место, во вистинското време.

Бик

Вредните нешта не доаѓаат лесно.

Вие сте вреден работник, но понекогаш Ви се случуваат недоразбирања. Потребно е да се потсетите на мотивот за кој напорно работите. И да нагласите дека се работи за нешта за кои вреди да се живее.

Близнаци

Ако постапката е во ред, не ја применувајте. Доколку нешто не е вистина, не го кажувајте.

Вие сте дружељубива личност и сакате да ги задоволите Вашите пријатели, иако сите не Ви се драги. Сепак, не правете работи само затоа што и Вашите пријатели ги прават или бараат. Не дозволувајте секогаш притисокот од околината да изврши влијание на Вас.

Рак

Никогаш не дозволувајте емоциите да ја надминат интелигенцијата.

Вие сте емотивни, а Вашите емоции понекогаш ги диктираат вашите постапки. Потребно е постојано да се потсетувате себеси, дека не е добро да дозволите емоциите да го надминат рационалното размислување на мозокот. Секогаш следете ги вашите чувства или понекогаш ќе мора да започнете со практични алтернативи.

Лав

Светот не се врти исклучиво околу една личност.

Доминантни сте и понекогаш е добро да бидете настрана од центарот на универзумот. Вие сте ја стекнале славата и сте во центарот на вниманието, заради отворениот став.

Девица

Вие сте трудољубива личност, затоа се навлекувате на нешта кои секогаш не Ви се потребни.

Премногу обрнувате внимание на нешта со кои другите Ве доведуваат во заблуда. Затоа постојано треба да се потсетувате на вистински вредности. Не можете да ги ослабнете другите луѓе, за да ја зајакнете вашата самодоверба. Вашата самодоверба доаѓа од Вас и треба да ја обликувате.

Вага

Следете го срцето, но „понесете“ го вашиот мозок со Вас.

Интуицијата е една од Вашите јаки страни. Секогаш треба да го следите срцето, но обидете се да бидете практични – донесувајте и мудри одлуки.

Скорпија

Победете ги сите со љубезност и насмевка.

Имате динамичен темперамент, кој понекогаш се подразбира како „див“. Вие сте интензивни и страсни. Заменете ја агресијата со мудрост, на тој начин ќе ги поразите со љубезност непријателите.

Стрелец

Бидете подготвени да ги слушате другите и да научите. Никој не е во право за се.

Вие сте интелектуални личности и имате тенденција да бидете во право за повеќе нешта. Вашата љубопитност Ве прави информирани за се. Сепак, треба да се потсетите дека секогаш има нови работи што можете да ги научите од другите. Имајте на ум, дека понекогаш можете да направите грешки.

Јарец

Преголемата грижа, никогаш нема да го промени целосно исходот.

Имате тенденција да се грижите за сè. Вие сте вреден работник и верувате дека загриженоста е тоа што ве прави успешни и Ве потсетува на тоа што треба да се направи. Сепак, подобро е нештата да се запомнат и по редослед да се завршат, без преголема грижа која може да доведе до паника.

Водолија

Отворен ум, отворено срце.

Луѓето како Вас кои мислат дека се премногу внимателни, се повлекуваат себеси настрана. Важите за резервирани личности и понекогаш треба само да се отворите. Запомнете дека не е доволно да го задржите само умот отворен, туку и срцето.

Риба

Не размислувајте премногу, само опуштете се.

Вие сте интелектуалци кои сакаат да анализираат сè. Понекогаш е потребно да се потсетите дека не смеете премногу да размислувате за сè и дека едноставно би можеле да оставите некои работи, спонтано да се одвиваат. Упорноста е важна, но има ситуации кога е подобро да се запре и да се оди на друг пат, а не да се опседнуваме со нештата.

Слични објави

Хороскоп за 20 декември: Лавовите ги очекува невидена страст во љубовта, Скорпиите да внимаваат на парите

Еспресо

Хороскоп за 19 декември: Биковите ќе „пливаат“ во пари, Близнаците ги очекува динамичен ден во љубовта

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova

Хороскоп за 17 декември: Овните ги очекуваат промени, Лавовите ќе уживаат во љубовта

apostolova

Хороскоп за 16 декември: Стрелците ќе имаат љубовна авантура, Јарците ги очекува финансиски успех

Еспресо

Хороскоп за 15 декември: Вагите ќе имаат среќа во љубовта

Еспресо
Се вчитува....