На 21 јануари влеговме во владеењето на Водолијата, а во продолжение прочитајте што ќе му донесе периодот до 19 февруари на секој знак.
ОВЕН
Време е да поработите на друштвениот живот. Дружете се со пријателите, зајакнете го социјалниот живот. Време е да блеснете и повторно да уживате.
БИК
Што сакате, Бикови? Универзумот е подготвен да ви даде сè што ќе посакате во овој период. Само мора да сфатите што е тоа што навистина го сакате.
БЛИЗНАЦИ
Сето знаење што сте го стекнале во изминатите години ќе стане уште подобро. Ќе имате прилика и да го споделите со другите преку тренинзи и јавни говори. Не ја пропуштајте оваа шанса.
РАК
Во текот на владеењето на Водолијата мора да ги оставите другите луѓе подобро да ве запознаат. Малку пријателска помош ќе ви отвори нови видици. Покажете ја својата добра страна – не ви е лесно да се отворите, но навистина ќе вреди.
ЛАВ
Февруари за вас ќе биде месец на тестирање на вашите љубовни и партнерски вештини. Внимателно работете на својата врска. Ако сакате да ја задржите, ќе мора да ѝ се посветите многу повеќе отколку досега.
ДЕВИЦА
За да станете подобри мора прво целосно да се сфатите себеси. Вашиот ум конечно ќе се смири и ќе научите да се сакате безусловно, што во овој момент ви е неопходно.
ВАГА
Не престанувајте да создавате. Вашата креативност е на врвот во текот на овој период, па одлично време е да го реновирате домот или да осмислите нов голем проект, кој ќе биде многу успешен. Работете го сето она што ве исполнува и што ве прави подобра личност.
СКОРПИЈА
Смирете се и опуштете се. Ќе бидете пообјективни во донесување одлуки, што на крај за вас ќе биде многу добро.
СТРЕЛЕЦ
Во текот на владеењето на Водолијата имате големи шанси да ја пронајдете љубовта на својот живот. Личностите од спротивниот пол ќе ги привлекува вашата силна енергија, а енергијата на Водолијата во тоа дополнително ќе ви помогоне.
ЈАРЕЦ
Вашата цел во овој период е да заработите уште пари. Имате големи шанси да успеете во тоа, само полека одете кон остварување на вашите планови.
ВОДОЛИЈА
Уживајте и фокусирајте се на она што ве прави среќни, а сè друго практично само ќе си дојде.
РИБИ
Време е да се посветите на деталното истражување на својата личност. Мора да одлучите какви луѓе и каква работа вам ви одговара. Време е да се ослободите од сè што ве оптоварува.