13.8 C
Скопје
15:42 - 18 декември, 2024

Нема да згрешите: Што да подарите за 8 март според хороскопскиот знак

Овен 

Жените Овен се многу енергични и активни, тешко им е да седат мирно и секогаш се привлечени кон авантури. Што може да ѝ се подари на жената Овен за 8 март: чланарина за активна рекреација,
нов накит – подарокот не мора да биде скап, туку необичен; гаџет – „паметен“ часовник, фитнес нараквица; спортска опрема и додатоци; комплет козметика од познат бренд бидејќи Овенот сака да се грижи за себе.
Бесмислено е на Овенот да му подарите нешто за дома, згора на тоа – тие може дури и да бидат навредени.

Бик 

Жените Бикови често кажуваат што сакаат како подарок. Но, се случува и да не кажат, одговарајќи дека имаат се. Еве што ќе ѝ се допадне за подарок на жената Бик: нешто поврзано со домот и удобноста во домот – ќебиња, перници, вазни, слики…единственото нешто е да се обидете да го одберете подарокот кој се вклопува во внатрешната декорација на домот; нешто за јадење – на пример, рачно изработено чоколадо, романтична вечера; ароматични свеќи или ароматична козметика за капење; цвеќиња во саксија – Бикот сака да се грижи за растенијата.
При изборот на подарок, важно е да запомните една работа: жените Бик сакаат квалитетни работи, затоа не им подарувајте нешто купено од пазар или на распродажба.

Близнаци 

Жените Близнаци сакаат позитивни емоции и впечатоци, лесно може да ги расположите, па затоа подарете: билети за концерт, за театар, за стенд-ап шоу; патување надвор од градот или на некое интересно место; необичен накит или облека, нешто за организирање на просторот на работа, на пример, тетратка или организатор, а доколку ги поканите да одите на шопинг заедно, нека изберат што им се допаѓа. Инаку, на Близнаците не им е важно колку чини подарокот, за нив главно е вниманието.

Рак 

Сензуалните Ракови сакаат подароци со душа. Тие ќе се израдуваат на: вечера во симпатичен ресторан; на сите работи направени од самите Вие – ќе ги чуваат долго време; на маица или на чаша со позната фотографија или со цитат; а од модни додатоци сакаат накит од сребро или од бело злато. Совет: слушајте ги Раковите – многу често тие навестуваат што би сакале да добијат како подарок, само треба да го препознаете овој сигнал.

Лав

Најважно за жените Лав е да бидат видливи. Сакаат луксуз и престиж, па подароците треба да бидат такви: златен накит; комплет брендирана козметика или дизајнерски фустан; месечна чланарина за салон за разубавување или СПА; вчера во гламурозен ресторан.
Во никој случај не ѝ подарувајте на жената лав ситница- ќе биде 100 отсто навредена.

Девица

Жените Девици тешко се задоволуваат со подароци – никогаш нема да кажат што сакаат за подарок, па ќе мора сами да ја покажете вашата имагинација. Има мало навестување: Девицата сака квалитет и оригиналност и нема да цени досаден подарок. Можете да ѝ дадете: сè што ја украсува куќата и создава атмосфера на удобност – на пример, постелнина; производи од свила, кашмир,
гаџети за здрав начин на живот; кожен паричник, чанта, сет за чај.

Вага

На жените Ваги може да им се подарите нешто за дома – но не и престилка или кујнски нож. Погоден е и подарок кој не е поврзан со домот. Тие ќе сакаат: ароматични масла и ситници за релаксација;
сет на долна облека; заедничко слободно време – можете да одите на изложба, слика во класичен стил.
Запомнете дека Вагите по природа се естети, но не сакаат (и не знаат како) да избираат. Затоа, подобро е воопшто да не им давате ваучери за шопинг во продавницата – зашто тие ќе одат и ќе купат нешто непотребно.

Шкорпија

Жените Шкорпија обожаваат подароци – но не сите. Ако сакате да ѝ подарите нешто, тоа треба да биде нешто поврзано со восхитување кон жената – дама. Затоа, за подарокот треба внимателно да се размисли. Можете да дадете: комплет долна облека/или ваучер за неа – или што било друго што ќе ја истакне нејзината убавина и сексуалност; масло за масажа; брендиран накит.
Изненадете ги со нешто што ќе остави спомени многу години – на пример, книга со потпис на авторот, фустан од познат дизајнер, рачно изработени чоколади, заеднички викенд надвор од градот.

Стрелец

Жените Стрелец ќе ги ценат позитивните, незаборавни подароци. Имаат одлична смисла за хумор, па изненадувањето може да биде забавно. Може исто така да ѝ подарите: нешто поврзано за туризам или за потрага – Стрелците сакаат активна рекреација и авантура; екскурзиско патување со богата програма; нови чевли или фустан од добро познат бренд; модерен парфем; ваучер за курс.
Стрелците ја почитуваат грижата и вниманието на деталите, па ќе ценат ако има нешто за што некогаш сонувале, а вие сте се сетиле – и сте им го дале.

Јарец

Жените Јарец изгледаат студени и многу коректни – но одвнатре се многу романтични, а сакаат и убави изненадувања. Но, тука е важно да не се претера: тие не сакаат екстремни работи како скокање со падобран. Жените Јарец по природа се практични и внимателни, ќе им се допаднат слични подароци на: часовници, кожни паричници, чанти; класичен накит; универзални парфеми;
ваучер за СПА-салон, за часови по јога.
Ако ништо не ви паѓа на ум – дајте ѝ пари, жените Јарци ќе ги прифатат без страв дека ќе бидат погрешно разбрани.

Водолија

Водолиите се најинтересните и најнеобичните жени. Обожаваат се што е поврзано со мистицизмот и психологијата, затоа одберете подарок поврзан со саморазвој и езотеризам. Покрај тоа, може да им се допадне: курс за личен раст, курсеви за сликање; какви било подароци поврзани со смешен тип на облека – дури и смешни чорапи; патување во камп или во самотничка куќа; необичен парфем. Она што треба да се избегнува се банални подроц, колку понеобични, толку подобро.

Риби

Сентименталните и грациозни Риби сакаат да се грижат за себе, како и за удобноста во домот. Можете да им подарите: предмети за декорација на домот – на пример, ќебе, ноќница, слика или нешто за декорација во бањата; декоративна козметика; накит со полускапоцени камења;
ароматични комплети; ваучер за СПА, претплата за посета на базен или на јога; албум за фотографии; плетен џемпер.
Ако е можно, направете подарок сами или одете заедно на шопинг, на пример, во цвеќарница.

Слични објави

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо
Се вчитува....