-2.2 C
Скопје
07:46 - 19 декември, 2024

ЌЕ ВЕ ЗАБОРАВАТ?! Три хороскопски знаци кои најмногу патат по раскинување!

Ако сте тип на личност која не може да функционира со недели по раскинувањето, а ви се чини дека сите ваши бивши немаат проблем да продолжат понатаму, виновна е астрологијата. Можеби се уште не сте го сфатиле тоа,  но како ќе се справите со крајот на врската може да биде под влијание на вашиот хороскопски знак.

Ако сте чувствителен знак, на пример, воден знак, раскинувањата најмногу ќе влијаат врз вас и можеби ќе ви биде тешко да престанете да се грижите за бившиот партнер/ка долго откако ќе се разделите.

БЛИЗНАЦИ

Од сите знаци во зодијакот, воздушните и огнените знаци имаат тенденција да се движат најбрзо напред – особено Близнаците. Според астрологот д -р Елиса Робин, иако тие можат добро да се справат во посветена врска, Близнаците имаат способност да препознаат кога нешто едноставно не функционира. Бидејќи се многу логични, тие поретко веруваат во „Единствениот“ отколку некои од повеќе романтични знаци. Поради тоа, тие имаат тенденција да бидат пооптимисти за да најдат некој нов партнер/ка и тоа за брзо време.

„Овој воздушен знак има репутација на забавен, креативен и отворен кон нови искуства“, вели Робин. „Како и повеќето воздушни знаци, Близнаците се најсреќни кога живеат по свое и ги игнорираат длабоките емоции. Поради оваа причина, тие може да поминат две недели плачејќи и тагувајќи, но набрзо ќе влетаат во нова прегратка“.

ВОДОЛИЈА

Друг знак кој обично се движи брзо напред, после раскинувањето на врска, е Водолијата. Како и Близнаците, Водолиите се повеќе логични отколку емоционални. Според Робин, тие се познати по нивната способност да се одвојат и да се „разделат“ од своите чувства, ментално да ги обработат, и да продолжат понатаму напред.

„Овој знак со љубов кон слободата може да плаче неколку дена по раскинувањето, но потоа тие ќе продолжат понатаму, зашто знаат лесно да се справат со минатото“, вели таа. „Слободата секогаш ќе ги повикува како начин да се излечат од секоја рана“.

Сега кога знаете кои хороскопски знаци брзо продолжуваат напред по раскинувањето, еве ги трите хороскопски знаци кои најверојатно долго ќе тагуваат по раскинување на врска.

РАК

Ракот управуван од Месечината може да биде многу чувствителен и нерасположен знак кој тешко го напушта минатото. „Како и ракот, штом ќе добијат нешто во канџите, нема да го ослободат стисокот и ќе се обидат да му дадат смисла се додека го скршат“, вели Стина Гарбис, професионален астролог.  „Некои денови ќе бидат добри, а некои ќе бидат лоши за Ракот, но тие постојано ќе се сеќаваат на своето минато, обидувајќи се да се вратат на местото каде што ќе можат повторно да ја искажат својата љубов кон својот партнер“.

Раковите се чувствуваат најкомплетно кога имаат партнер крај себе, сакаат да го негуваат и да му ја дадат својата љубов. Ако немаат некого за кого треба да се грижат, може да се чувствуваат празно. Ракот е длабоко емоционален и ќе треба да најде здрави начини за справување со своите емоции по раскинувањето. Според Гарбис, наоѓањето луѓе на кои можат да се обратат може да им помогне да продолжат понатаму. „Ракот има потреба од поддршка за да се излечи не само од нивната сегашна врска, туку и од нивното минато“, вели таа. „Јадењето добра здрава храна со саканите или пријателите, исто така, може да биде одличен лек за нив“.

ШКОРПИЈА

Со интензивната и бујна Шкорпија владее Плутон, кој управува со 8 -та куќа – куќата на сексот, смртта и бракот. Како и Ракот, Скорпијата има тенденција да пати долго по раскинувањето поради нивната длабоко емотивна природа. „Кога Скорпијата се посветува на својата врска, таа станува се за нив“, вели Гарбис. „Кога врската ќе заврши, може тотално да ги уништи Скорпиите и нивното внатрешно чувство на сигурност, кое е веќе секако на тенок мраз. Можеби ќе се опседнат со поранешниот партнер/ка, а можеби дури и да заговараат одмазда против нивниот претходен партнер/ка“.

Ако Скорпијата се чувствува како да им е нанесена неправда, огорченоста може да се засили, спречувајќи ги да продолжат напред со животот. За тие да продолжат на здрав начин да живеат, мора да се доверат на близок човек, инаку нивната горчина може да стане деструктивна. „Скорпијата може да биде многу депресивна и може да се изгуби во морето на тага“, вели Гарбис. „Ним им треба некој да дојде и да ги слуша, за да можат да ги надминат своите емоции“.

РИБИ

Кога Рибите управувани од Нептун ќе доживеат крај на врската, тоа може да ги растажи до срж. Рибите ги ставаат целото срце и душа во нивните врски, правејќи го нивниот партнер центар на нивниот свет од самиот почеток. „Како и другите водни знаци, Рибите копнеат да се спојат со својот партнер/ка, и кога нивната врска ќе пропадне, тие се чувствуваат како да не успеале или дека нивниот партнер ги предал“, вели Гарбис. Поради ова, продолжувањето понатаму е често долга борба. Рибите сакаат да живеат во сонувачкиот, фантастичен свет, што го создаваат во нивната глава, па кога реалноста ги удира – таа удира силно!

Бидејќи Рибите имаат тенденција да се губат самите себеси во нивната врска, продолжувањето понатаму може да бара одвоено време за себе и самоанализа. „Рибите кои го поистоветуваат сексот со љубов можеби ќе треба да најдат начини да ја насочат својата сексуална и емоционална енергија на друго место“, вели Гарбис. „За Рибите, излегувањето од себе за да му помогнат на друг, исто така, ќе им помогне да најдат ослободување од болката“.

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ објави досега невидена семејна фотографија: Синот Жељко позира со стегнати мускули

Еспресо

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо
Се вчитува....