18.8 C
Скопје
22:16 - 29 април, 2024

КАКВИ СЕ ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ КОГА ИМ Е ДОСАДНО: Рибите сонуваат за иднината, Лавот пак…

девојка

Секој различно се справува со здодевноста. На Лавот добро му доаѓа кога му е здодевно затоа што тогаш може да се опушти, Ракот секогаш си наоѓа хоби, а најлошо им влијае на Близнаците, Рибите и Овенот.

Овен

Темпераментните и активни припадници на овој знак се големи љубители на акција, а при самата помисла на досада стануваат нервозни, па морат да најдат начин да се размрдаат. Тие бараат инстант решенија, а единствениот критериум им е да бидат во движење. Најчесто тоа го решаваат со физичка активност, пешачење или возење велосипед, а знаат и да ангажираат пријатели за да организираат дружење.

Бик

Припадниците на овој знак не се нестрпливи типови кои очекуваат постојано да им се случуваат важни работи во животот, па во периодите на досада бараат други хобија и мирно чекаат да дојде некоја возбуда. Нивниот лек против досада се читање весници, пиење кафе, градинарство или релаксирачки активности кои ги исполнуваат со енергија.

НАЈИНТЕРЕСНИОТ ЉУБОВНИК ВО ЗОДИЈАКОТ: Има нешто бунтовно во него, затоа е толку привлечен

Близнаци

Припадниците на овој знак не толерираат пасивни периоди во кои ништо не се случува и многу повеќе сакаат да живеат во „полн ек“ и под стрес отколку да им не им биде интересно. Дури и да им е здодевно, тие сами ќе смислат нешто или ќе предизвикаат расправија само нешто да се случува. Лек за досада обично им се другите луѓе, заедничкото забавување или започнувањето на нови проекти.

Рак

Припадниците на овој знак се чини дека се имуни на здодевност, благодарение на нивниот редок талент да пронајдат некоја форма на забава во сè. Во моменти кога ништо не се случува околу нив, тие пак ќе си најдат нешто интересно, ќе се гледаат со други луѓе, ќе поозборуваат со блиски пријатели или пак ќе се одлучат за гледање добри филмови или документарни филмови на телевизија.

ВНАТРЕШЕН КОМПАС: Овие хороскопски знаци имаат неприкосновена интуиција

Лав

Припадниците на овој знак не се имуни на досада, но имаат едно многу погодно решение за тоа – а тоа е мрзеливоста во која уживаат. Сакаат да лежат, да дремат или да се сончаат со часови на терасите од кафулињата, а тоа им одговара додека истото не се претвори во секојдневие. Тогаш почнува да ги гризе досадата, а од својот партнер дефинитивно ќе очекуваат забава. Ако го немаат? Па, ќе го бараат.

Девица

Припадниците на овој знак не го сакаат чувството на бескорисност, лежење и немање планови, освен ако не решиле да се досадуваат на одмор. За нив забава се дури и најбанални ситуации како одење во продавница. Сакаат да планираат со денови однапред, а доколку некој ги промени плановите и не понуди алтернатива, ќе се налутат. Тогаш со тешко срце ќе одлучат да го исполнат денот со извршување на домашните работи.

ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ НА КОИ ПРАЗНИЧНАТА СЕЗОНА ЌЕ ИМ БИДЕ ПРЕСРЕЌНА: Од среќни флертови до судбински врски!

Вага

Припадниците на овој знак често се наоѓаат во ситуации кога не ни знаат што сакаат, па на пример ќе сакаат да се забавуваат со многу луѓе, но знаат дека многу брзо би можеле да им здосадат и ќе сакаат да бидат дома. Поради својата неодлучност, на крајот често не прават ништо од ова и им станува досадно. За среќа, ова чувство трае многу кратко, бидејќи тие лесно се окупираат со нешто ново.

Скорпија

Припадниците на овој знак често потајно сакаат можност за малку мир, осаменост и уживање во активности и хоби кои другите околу нив не ги разбираат. Компјутери, стрипови или едноставно излежување – сите овие активности се резервирани за денови на досада. Тогаш нема да чувствуваат никаква нервоза околу тоа што пропуштаат, бидејќи секогаш нешто интересно им се случува во животот.

НАЈГОЛЕМИТЕ НАРЦИСИ ВО ЗОДИЈАКОТ: Од 12 хороскопски знаци, само три се на оваа листа

Стрелец

Припадниците на овој знак се многу активни типови а кога им е здодевно буквално им се „крева притисокот“. Поради чувството на неможност за забава ќе се претворат во вистински мали работохоличари за да си го пополнат слободното време. Притоа ќе извршуваат банални задачи, а во позадина на умот постојано ја планираат следната дружба, спортска забава или патување, па тоа ќе им даде сила и ќе ги смири.

Јарец

Припадниците на овој знак го сакаат чувството на контрола. Па затоа се обидуваат максимално да се справат и со моментите на здодевност, од тоа се плашат само ако немаат алтернатива. Најчесто ќе се потрудат на кој било начин да организираат дружење и забава, а на патот до тоа нема да им застанат ниту финансиските неприлики. Нема да се двоумат да седнат во кафуле или да одат на прошетка. Сè додека се движат, тоа е добро.

ХОРОСКОП: Како ги убивате романтичните врски и како да престанете да го правите тоа

Водолија

За изразито социјални припадници на овој знак, терминот досада означува уживање во себе, без никаков проект на кој можат да се посветат. Во спротивно, тие се способни да поминат часови правејќи или склопувајќи нешто, но штом тоа ќе заврши, итно им треба доза на дружење. Ако им е досадно, стануваат зајадливи и песимисти.

Риби

Иако припадниците на овој знак, исто како и Водолијата, се исклучително благодарни и имаат потреба од друштво со луѓе кога им е досадно, нема да очајуваат. Тие се способни да сонуваат и да планираат далечни настани во иднина, како реновирање на домот, венчавки со партнер кој се уште не го ни познаваат и слично. Таквата бујна имагинација како Ракот ги прави доста отпорни на негативните последици од здодевноста.

Слични објави

Астропрогноза за вторник, 30 април: Подарок од универзумот за Лавовите, важен ден за Овните

еспресо

Велигденско јајце-чувар на домот: Што да направиме со стариот чувар на куќата кога вапсаме ново „прво јајце“

еспресо

„Жена од султана“ побегна од својот роденден: Пејачката донела неочекувана одлука и веднаш морала да реагира

Еспресо

Принова кај познатата двојка: Петар Грашо и Хана Хуљиќ го очекуваат своето второ дете

Еспресо

(Фото) Македонката Татјана Јанушева блесна на престижна модна ревија во Франција

Еспресо

Синот на Цеца ја расплака нацијата: Вељко Ражнатовиќ се откажа од паричната награда, еве за кого одат 5000 долари

Еспресо
Се вчитува....