2.8 C
Скопје
21:12 - 18 декември, 2024

Хороскоп за 6 февруари 2020: Рибите ги очекува динамика во љубовниот живот

хороскоп

ОВЕН

Исплашени сте, но морате да воспоставите рамнотежа меѓу барањата на претпоставените и приватните проблеми. Внимавајте и со комуникацијата, измерете двапати пред што било да кажете. Работните проблеми ви влијаат и врз љубовта, пречувствителни сте, а ако не разговарате отворено, партнерот може да помисли дека го избегнувате. Чувајте се од белодробни заболувања.

БИК

Овие денови очекувате некаква повратна информација од претпоставените, но подгответе се да не е таква каква што мислевте дека ќе биде. Чувајте се од злонамерните колеги и не давајте повод да бидете измамени. Проблемите на работа се одразуваат и врз емотивната состојба. Сакате да се впуштите во несекојдневна авантура, дури и ако тоа значи дека е краткорочна. Можни болки во грлото.

БЛИЗНАЦИ

Интензивно соработувате со колегите, а доаѓаат и нови, влијателни и интересни луѓе во вашиот професионален живот. Работната атмосфера се подобрува, но уште постојат и оние кои ви работат зад грб. Ви годи друштвото на саканата личност, но во исто време не сакате да пропуштите ниту едно дружење со пријателите. Можни несоници предизвикани од нервоза.

РАК

Се обидувате работите да ги завршувате набрзина, со прескокнување чекори. Ова не е добро дури и ако вие сте газда на сопствениот бизнис. Очекувате повик од една личност, која има важни информации за вас. Незадоволни сте од љубовта, се најдовте во ќор-сокак бидејќи сакавте да играте на повеќе места во исто време. Утеха барате во кратка авантура, но размислете уште еднаш. Бидете умерени со храната.

ЛАВ

Вас никогаш не ви е доста од докажување, вие секогаш сакате да дадете до знаење колку сте добри, способни и професионални. Напорен период на финансиско поле, издржете го, за кратко време ќе биде подобро. Сосредоточени сте на неколку емотивни проблеми и се обидувате да ги решите со разговор. За некои од нив се чувствувате како да разговарате со ѕид. Чувајте се од воспаленија на синусите.

ДЕВИЦА

Полни сте со енергија, имате силен авторитет и самодоверба и лесно влијаете врз околината. Можно е да добиете признание за досегашниот вложен труд. На љубовно поле оваа недела всушност, ќе сакате да се повлечете во самотијата и да закрепнете од некои рани кои предолго време стојат отворени. Можен е контакт со сосема нова и необична личност. Внимавајте на притисокот.

ВАГА

Многу сте активни и се интересирате за нови обуки и учење вештини. Можни се компликации со финансиите, особено поради некои непланирани трошоци. Успешно се носите со притисоците. Романтични сте, а некои Ваги се и вистински заљубени. Но, подобро за вас, а и за оние околу вас е да ја зачувате главата ладна, за да не се разочарате премногу. Болки во грбот.

СКОРПИЈА

Имате доверлива задача да разрешите една непријатна ситуација во вашето работно опкружување. Токму од исходот ќе зависи со какви очи ќе ве гледаат претпоставените. Опседнати сте со парите, а тоа многу го лути партнерот. Очекувајте дури и бурна реакција од неговата страна доколку не се соземете. Коските ви се многу чувствителни.

СТРЕЛЕЦ

Добивате повеќе работни задачи, а тоа ви создава голем притисок. Добро би било да се реорганизирате и попаметно да го планирате времето. На емотивно поле водите тешка борба со себе, бидејќи има многу искушенија на кои не сакате да одолеетте, но сепак се плашите од одбивање. Побрзајте, бидејќи другата страна целосно ќе олади кон вас. Можни алергии.

ЈАРЕЦ

Бидете многу внимателни за да избегнете агресија од страна на своите соработници. Чувајте се и од повреди на работното место, дури и ако не работите ризична работа. За среќа, на љубовно поле ситуацијата е многу стабилна, а со партнерот уживате во прекрасен и хармоничен однос. Тоа ви дава енергија за да можете да ги издржите другите предизвици. Чувајте го видот.

ВОДОЛИЈА

Овие денови ќе добиете мало, но значајно признание од своите поискусни колеги. Ќе има и мали компликации, но веќе докажавте дека знаете да се снаоѓате во такви ситуации. Со саканата личност треба да бидете трпеливи, бидејќи секој погрешен чекор може да резултира со ужасна караница која ќе доведе до раскинување. Тоа ви задава и многу главоболки.

РИБИ

Имате впечаток дека никој не ве поддржува, а целосно сте свесни за своите квалитети и придонесот кој го давате на работното место. Ќе има непријатности, но нема да бидат погубни. Неделава ви следува одлична динамика во љубовниот живот, но треба да внимавате како им пристапувате на проблемите, бидејќи некои решенија не се толку добри како што изгледаат на прв поглед. Меланхолични сте.

Слични објави

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova

Хороскоп за 17 декември: Овните ги очекуваат промени, Лавовите ќе уживаат во љубовта

apostolova

Хороскоп за 16 декември: Стрелците ќе имаат љубовна авантура, Јарците ги очекува финансиски успех

Еспресо

Хороскоп за 15 декември: Вагите ќе имаат среќа во љубовта

Еспресо

Хороскоп за 14 декември: Биковите ќе уживаат во пофалбите, Јарците ќе „пливаат“ во пари

Еспресо

Хороскоп за 13 декември: Овните ќе уживаат со саканата личност, Стрелците ќе имаат конфликти со соработниците

Еспресо
Се вчитува....