3.8 C
Скопје
01:58 - 14 март, 2026

Хороскоп за 17.12.2019 – Љубов, работа и здравје!

ОВЕН

Работа: Денеска треба да поработите на добра организација која ќе ви биде неопходна затоа што ве очекуваат повеќе обврски од вообичаеното.

Љубов: Со партнерот се сложувате добро, а за оние кои го немаат, постои шанса да запознаат нова личност.

Здравје: Нема проблеми

БИК

Работа: Денеска на работното место ве чека добра атмосфера. Ова е поволен момент да реализирате некои планови на полето работа.

Љубов: Пред вас е неочекувана средба со непозната личност која ќе внесе многу возбудувања во вашиот живот.

Здравје: Одлично.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Ова е ден кој ќе ви донесе просперитет. Ако почнувате некоја приватна работа, може да очекувате добар успех.

Љубов: Многу сте врзани за партнерот и планирате заедничка иднина.

Здравје: Водете сметка на исхраната.

РАК

Работа: Денеска вашите способности посебно доаѓаат до израз. Лесно ги придобивате колегите на своја страна и ќе ја стекнете нивната почит.

Љубов: Можете да се надевате на интересни ситуации, нови познанства и флерт.

Здравје: Чувајте го грлото.

ЛАВ

Работа: Ви се пружа прилика да ја зголемите вашата заработка два пати, па дури и повеќе. Ако бидете доволно тактични, нема да ја пропуштите.

Љубов: Вашата врска е стабилна, и во ниту еден момент не се сомневате во неовата силина.

Здравје:Нема проблеми.

ДЕВИЦА

Работа: Во оваа фаза можно е да дојде до мал застој на работен план, но не го доживувате тешко, знаејќи дека ќе пројде.

Љубов: Моменталните емоции ве прават среќни и ви будат нова надеж.

Здравје: Проблеми со видот.

ВАГА

Работа: Во текот на денешниот ден нема многу да напредувате на работа. Ако сте планирале некој важен потег, одложете го.

Љубов: Иако изгледа дека ништо не се менува, сепак, средбата која ја посакувате ќе дојде.

Здравје: Лоша циркулација.

ШКОРПИЈА

Работа: Денеска поголемиот дел од работата можете да ја препуштите на вашите соработници. Опуштени сте и работната атмосфера е добра.

Љубов: Не сте го процениле добро новото познанство, неодлучни сте.

Здравје: Проблеми со зглобовите.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Денеска можете да се надевате на унапредување. Ова е ден ког трудот, конечно, ќе ви се исплати.

Љубов: Вашиот однос со партнерот не е како порано. Одлучувате да се дистанцирате затоа што чувствувате обострано заладување.

Здравје: Проблеми со забите.

ЈАРЕЦ

Работа: Можно е денеска да ви стигне некое формално известување кое долго сте го чекале. Ако некој соработник ви понуди помош, прифатете ја без двоумење.

Љубов: Во дилема сте и бирате меѓу вашата слобода и врска.

Здравје: Избегнувајте ги сите пороци.

ВОДОЛИЈА

Работа: Вашите одговорности се повеќе стануваат комплицирани и тоа ве загрижува и ве оптеретува. Работата ви носи многу стрес.

Љубов: Денеска ќе запознаете интересна личност за флерт која е нешто помлада од вас.

Здравје: Проблеми со притисокот.

РИБИ

Работа: Денеска е добар ден за почнување на нова соработка. Работните потези кои ќе ги повлечете ќе имаат добар исход за вас и за работата.

Љубов: Промените кои неочекувано се случиле во вашата врска, многу ве повредиле.

Здравје: Вкочанетост.

Слични објави

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Хороскоп за 13 март: Раковите ги очекува нова работа, Скорпиите ќе ги откријат новите идеи на партнерот

Еспресо

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

Какви се хороскопските знаци под чаршафите? Кој е најиздржлив, а кој глуми оргазам?

Еспресо

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо
Се вчитува....