11.8 C
Скопје
11:52 - 27 октомври, 2026

ХОРОСКОП – ПРАВО ВО СРЖТА: Реченица која ќе ја одбележи 2022 година за вашиот хороскопски знак

ОВЕН
Ќе сакате да направите нешто убаво за некој што го сакате, не само во посебна пригода или за некоја лична корист, туку доволно за да покажете дека се грижите, а другите ќе го ценат тоа.

БИК
Ќе бидете поактивни и ќе се забавувате обидувајќи се да ја промените вашата склоност кон удобност и инферорност сфаќајќи колку излегувањето од вашата комфорна зона може да биде позитивна и стимулативна работа.

БЛИЗНАЦИ
Како знак кој сака да им оди по ќеф на другите за да ги направи среќни, годинава ќе сфатите дека понекогаш мора да станете посебични и да посветите повеќе внимание на себе и на сопствените финансии бидејќи, запомнете, работите премногу напорно за да се расфрлате со пари.

РАК
Веќе нема да дозволите другите луѓе премногу да ве вознемируваат зашто сфаќате колку тоа може да ве вознемири и да ве извади од такт, а веројатно дури и ќе научите како да ги прифаќате туѓите недостатоци со насмевка.

ЛАВ
Имате многу остар ум и убаво расудувате, но сепак оваа година ќе бидете повоздржани и повнимателни што зборувате бидејќи ќе знаете дека вашите искрени коментари би можеле некого длабоко да повредат.

ДЕВИЦА
Ќе ви стане јасно дека светот нема да се распадне ако ја оставите облеката на под и ако не ја следите вашата вообичаена строга дневна рутина, а ќе престанете и да ги осудувате другите за нивната повремена немарливост или неспособност,  и во сето тоа ќе најдете смирувачко задоволство.

ВАГА
Секогаш знаете да им го дадете вистинскиот совет на другите, но многу потешко е вие да добиете вистински совет од некого, а во 2022 година сепак повеќе ќе слушате што велат другите и што ве советуваат бидејќи ќе разберете дека прифаќањето нечиј совет може да ве спаси од болка и разочарување.

СКОРПИЈА
Ќе ви биде полесно да го контролирате вашиот понекогаш жесток темперамент и да бидете повнимателни кон другите, сфаќајќи дека не се сите луѓе толку силни како вас и дека вашата импулсивна реакција може да повреди некој за кој навистина се грижите.

СТРЕЛЕЦ
Ќе работите на сопственото трпение и ќе размислите подобро пред да се впуштите во некој проект или лесно да прифатите некоја идеја, а тоа ќе ви донесе поголем внатрешен мир и стабилност.

ЈАРЕЦ

Годинава ќе се смеете и ќе се забавувате повеќе кога ќе сфатите дека го сфаќате животот премногу сериозно, па затоа често знаете да бидете тажни и расположени кога другите не ги гледаат работите онака како што вие ги гледате.

ВОДОЛИЈА
Ќе сфатите дека не мора секогаш нешто да правите и дека понекогаш треба само да се опуштите и дека можете да си дозволите цел ден само за себе во кој ќе се оддалечите од светот, од работата, и ќе направите нешто што го сакате исклучиво за себе и за ваше задоволство.

РИБА
Поради вашата блага и добронамерна природа, луѓето често знаат да ве искористат бидејќи едноставно на сите им верувате. Меѓутоа, во 2022 година, тоа би можело да се смени бидејќи конечно ќе сфатите дека постојат лоши луѓе во светот кои е подобро да се избегнуваат.

Слични објави

Надежда Биљиќ за тешкото детство, двојниот живот и борбата со славата: „Навечер бев во штикли, а наутро чистев по крави“

Е.А.

(Видео) „Дали има поубаво од тебе?“: Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа го прославија вториот роденден на ќерката Лиана

К.С.

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.
Се вчитува....